bigfish ти благодарам многу на поддршката.Ова што го видов сабајле воопшто и не ми личеше на исцедок,но како и да е,правам после тест и се надевам на посакуваната пременост
Дали има шанси да сум бремена, немав имано сексуални односи околу година и половина, имав пред 2 недели и требаше да добијам токму пред 2 дена, претходно имав нормален период сега ми доцни малку, и загрижена сум. Дали има шанси да ми се пореметил периодот бидејќи немам имано сексуални односи многу одамна? Инаку односите беа со кондом, партнерот тврди дека не евакулираше во мене, и дека само еднаш почнал само за секунда и веднаш го извадил, а кондомите проверивме дека не се пукнати. И?
^ Нема од што да си бремена. Штом со кондом и сте провериле дека не е пукнат тогаш нема што да ти е страв. Малку ти доцни, може да биде од се и сешто. Најчесто вака доцни од страв и стрес, а и најверојатно од што не си имала односи подолго време
Не ми се верува дека пишувам во темава, ама пусти страв, морам да прашам. Со дечко ми цел месец имавме незаштитен однос, неколку пати, ама никогаш не свршил во мене, секогаш надвор, во тоа сум 100 % сигурна. Ми касни веќе четврти ден, но не чувствувам никакви симптоми дека ќе добијам, само од време на време ќе ме заболи стомакот како пред добивање и одма ќе ме пушти. После ќе правам тест, ама морам прво тука да прашам, што мислите вие? Колку се големи шансите да се забремени од предсемена течност? Пукнав од страв, се распаметив. Само нека даде Господ да не е ништо, и апстинирам од секс засекогаш,мајке ми!
Штом си сигурна дека не свршил во тебе, нема зошто да мислиш многу, најверојатно не си бремена. Минимални се шансите да забремениш од предсемената течност, скоро никакви. Сигурно ти касни од други прилини. Сега си напната и под стрес, па и тоа придонесува да ти касни. А си патувала ли некаде последниов месец? Затоа што и тоа може да има влијание на циклусот.
Не, не сум била никаде, ама имав некои стресови месецов, плус кандида, можеби е и од тоа. Најмногу ме загрижуваат повремените болки, прочитав дека тие биле симптом на бременост. Што се не ми се сврте во глава, 17 години и трудна. Нешто можеби се развива во мене, како ќе и кажам на мајка ми, од каде пари за абортус... па и самиот абортус ме плаши. Милион сценарија, филмови. Дај Боже да се за џабе...
Направи си тест, така ќе бидеш мирна, а вака милион прашања ти се вртат во глава, напната си, нормално дека не можеш да добиеш. И мене ми се има случено да ми касни на психичка база, знам кои стресови се тоа, но со нервоза можеш само полошо да направиш. Затоа, направи си тест и извести не. Ти посакувам среќа!
Не се секирај, шансите да си бремена од предсемена се 0.01%, скоро никакви. А и која е веројатноста да ти биле баш плодни денови, и да се оплоди.....ехеее колку работи треба да се поклопат. Не иде туку така Направи си тест, ќе те смири и ќе добиеш Инаку било какви симптоми да имаш сигурно не се на бременост, премногу е рано за такви работи. Ти се стега стомакот или од страв или дека треба да добиеш
што повеќе се тресете и плашите го стегате организмот и му правите стрес а со тоа ја зголемувате шансата да ви касни. Ајде олабавено малку и позитивно и веќе утре ќе добиеш. Сте се запрашале зошто повеќето добиваат навечер и оп сабајле имаат веќе добиено. Баш поради тоа што навечер додека спиеме организмот се опушта не е под стрес и работи правилно.
ви се има случено да не ви трај мензисо исто на пр некогаш 5 а некогаш 6 и дали е тој некаков проблем ако е веке така
Мислиш некогаш ти трае 5 некогаш 6 дена? Ако е тоа, не е ништо, сосема нормално е. Различно може да биде секој месец. Мислам дека е малку чудно ова да го прашуваш на 18 години ако ти се точни податоците..
Ништо од мојата бременост Баш ми се скрши филмот,ама тоа е.Повеке среќа можеби ке имам следниот месец...
Не можам да читам 150 страни наназад, ама реално, темата ми е глупава Може да се отвори тема за поддршка и совети за оние кои сакаат и се обидуваат да забременат (ако веќе нема таква)! Има еден куп теми за заштита од несакана бременост и сексуално преносливи болести за оние кои се' уште не знаат како да се заштитат, како и теми за различни информации поврзани со семејство, брак, абортус итн итн итн. На прашањето дали сум бремена, никој од форумот не може да одговори! *DUH* Прв чекор би бил купувањето на тест од аптека, можеби и уште еден тест доколку сметате дека има некаква грешка и наредно е преглед кај гинеколог во најкраток можен рок! Толку!
bremenost/poddrska-za-onie-sto-sakaat-da-zabremenat-t3956/ таква тема има да, ама зошто против оваа тема. Па некогаш девојчињата си имат проблем, двоумат се , незнаат што да мислат прават, па бараат помош, некој совет. Има ги да што трескат глупости „задоволувам се со перница може ли да останам бремена„ Ама сепак може да се има и ваква тема за тие што не се искусни да си питат па и ние да можеме да се насмееме на некоја зелена што не узрева ни у африка
Е ова сакав и јас да кажам,ама ај да не бидам оф топик. И има некои што немаат пари за тест бре,или во моментот не можат да купат, не можат да отидат на гинеколог... На крај краева,нема да е испишана 150 страни ако е глупава.
Луѓе синоќа со дечкоми имавме секс првиот пат со кондом се убаво он сврши и после 15 мин пак си присакавме и почнавме ама без кондом па после го ставивме кондомот. Ме плаши помислата знам имам читано за тоа како заостанува од спермата во каналчето а подоцна со семена течност може да се исфрли и еве цело време тоа ми е у глава.. можно ли е такво нешто или грешка сум... иначе треба за 2-3 дена да ми дојде...
Мислам дека нема потреба од паника, треба да ти дојде за 2-3 дена значи не ти се плодни денови а и прв пат ти е не верувам дека ќе бидеш од тие што од првиот пат забремениле. Едно да ти кажам немој да се нервираш па затоа да ти заостанува менструацијата, а и после првиот сексуален однос може да ти доцни бидејки телото не е навикнато се уште на промени. П.с ако толку се плашиш за да не ја мислиш многу купи си еден тест, макар што јас мислам дека нема место за паника
не би требало да си, но сепак да се успокоиш купи си тест, или ако не ти се чека толку оди на гинеколог