На сперматозоидите им требаат 2-4 дена за да допатуваат до јајце клетката. И за 2-4 дена клетката треба да се оплоди. Значи, за 8 дена ќе има бременост во твојот случај.
Те молам кажи ми дека ова е шега... Како е можно да се забремени од плунка со сперматозоиди од пред 1 ден?
Убаво објаснив. На сперматозоидите им требаат неколку дена за да допатуваат до посакуваното место. И уште неколку дена за да се спојат со јајце клетката. Не може тоа да се заврши за еден ден.
ОК. Еве и јас нешто ново научив . Не сум сигурна дали @SummerGirl се зеза или е озбилна. За да знам дали да се смеам или да се смеам .
Членката зборува за тоа дека вчера имала ОРАЛЕН секс, односно дека и свршил во уста, а денес имале вагинален секс а за навлажнување си се лижеле претходно. Сперматозоидите од вчера до денес се веќе во желудникот а најверојатно и во дебелото црево!
Сега ти го видов мислењето и во другата тема, за истово прашање, @Jolene @SummerGirl се зеза вака посабајлечки
А ќе речеш живееме во време кога сите млади се компјутерски образовани и можат да ја проверат секоја информација. И наеднаш како метеор ќе те удри реалноста и вредноста на образованието. Ние ми се чини без интернет што растевме не бевме до волку нели? Или се лажам себе си
Не знам дали го прочита моето мислење погоре каде што те цитирав, каде што сеуште не знаев дали се зезаш со твоето мислење кон проблемот на членката, каде што дадов краток опис што се случило со спермтозоидите, а ти ми враќаш да се информирам за сексуалните односи. Пишав на оваа тема како одговор на членката затоа што има некои што твојот одговор ќе го сфатат сериозно па уште и други ќе убедуваат дека е така.
На интернет пишува дека сперматозоидите во плунката односно усната празнина можат да преживеат 1 ден. Доколку таа плунка потоа се користи за петинг или како лубрикант за пенетрација, можно е да има сеуште живи сперматозоиди во неа. Сакав да прашам дали тие се способни да ја оплодат јајце клетката или ензимите на плунката го оневозможиле тоа? П.С. знам дека не може да се забремени преку голтање сперма.
Без свршување внатре не можеш да останеш бремена. Ако се забременуваше на друг начин, досега 100 деца ќе родев.
Абе во мое време ни интернет немаше ама ко по едуцирани да бевме, сега по брзо ќе го искористат интернетот за да научат некоја нова поза а не за тоа како се забременува