Ќе ве молам да ми посочете студија за оваа информација. Не зборуваме за комбинирани таблети, но за Норлево што содржи само прогестин и е прилично безбеден за употреба, но не се препорачува да се зема повеќе пати во еден циклус. Јас, лично, не охрабрувам редовна употреба кога има поефикасни и побезбедни начини за заштита од бременост. Цитирам дел од студијата за таблетите за итна контрацепција (ECP), тоа што е од посебен интерес го болдирав: “Repeated use of ECP within the same menstrual cycle is not recommended, as safety and efficacy of repeat use within the same cycle has not been evaluated.” The same study found that the majority of women in a smaller subgroup ovulated at least once during this period, suggesting that this may not be an effective longer-term method.108 In addition, recent comprehensive review by CDC/WHO did not suggest any special safety concerns for the use of any type of ECPs among women with particular medical conditions or personal characteristics, such as pregnancy, lactation or frequent ECP use."
Лекарот нека и пропиши таблети за контрацепција поарно, отколку да ја опоменува. Или уште подобро презервативи, зашто очигледно не се баш одговорни, ни таа, ама ни сопругот. Не е препорачлива редовна употреба. Има поефикасни начини за заштита, ова е само за итни ситуации, затоа и се вика итна контрацепција и не е замена за редовна контрацепција.
Шанси за бременост од предсемена течност (при прва рунда)? Незаштитен однос еднаш и никогаш повеќе. Главата не ми е мирна...
Мислам дека беше јасен одговорот, значи, Норлево не е препорачливо да се зема редовно, бидејќи постојат поефикасни и поефтини контрацептивни методи. Ме интересира од каде ви се овие информации за два пати годишно, едноставно нема медицинска основа за тоа. Користењето на левоноргестрел онолку пати, колку што е потребно како итна контрацепција е безбедно. Не мешајте редовна хормонална контрацепција со итна, не важат истите мерки за ефикасност и безбедност. Се надевам сега дека е доволно јасно.
Норлево не е препорачливо да се зема редовно, односно не повеќе од 2 пати во годината оти ти праи хаос во хормоните. Ти требаат месеци за повторно да се стабилизира организмот, хормонскиот статус, менструацијата, овулацијата, а со тоа и твоите нерви. Ако го знаеш ова и сеуште сметаш дека е скроз безбедно да си играш со своето тело и да ги голташ ко бонбончиња, што поише да се каже... продужи.
Имав намерно незаштитен однос во плодни денови(се надевам овулација) требаше да ,,не добијам,, на 22 23 (денес) но на 19ти имав кафеав исцедок и болки остри во јајниците и толку ништо до денес не се појави чиста влошка. Дали да почекам за тест или? Не ми се оди на гинеколог си давам надеж некако, за првата бременосѕ немаше вакво нешто...
Цитирај стручна литература за ова што го тврдиш за таблетите, ќе разгледам. Но, се сомневам дека постои таква, бидејќи јас ги имам ажурираните податоци за итна контрацепција. Пријатен ден, не дебатирам понатаму со нестручни лица.
Ох, извини стручна не те препознав. Туку тркни до темата “Апче за ден потоа” и почни да читаш од прва до последна страница. Па види со каков хормонален дисбаланс се соочуваат девојките, по испиено норлево кое и самото по себе е хормон. Ама ок. Некои не праат разлика меѓу бонбон и хормон. Пријатен нека е.
Здраво девојки. Со дечкото имаме незаштитен однос веќе 2-3 пати. Но цело време тој свршува надвор. Многу ми е страв дали можи да се забремени на ваков начин? Последно имавме сношти а мене ми е помината менструацијата и за 2 дена ме очекува процесот на оволуација.. ве молам за одговор. Фала многу
Како ако свршил надвор ќе останеш трудна....и да е 2 3 пати по ред шансите од предсемена се 0,1 % за тоа, не се прават така лесно деца
Не не , 2-3 пати до сега Па и јас имам читано дека од предсемена се забременува па зато сакав да прашам
Денес требаше да добијам. Обочно ми е како швајцарски саат, добивам со прва мокрача ххх Направив пак тест. Две линии
Сакам да ми кажеш во која студија го прочита тоа што го тврдиш овде, а не на која тема на форумот. Штета што не можеш да препознаеш и направиш разлика меѓу некој кој е стручен и девојчиња со бујна фантазија. А ти ај трк на училиште, се надевам дека пред тебе стои долг пат на едукација и не, не зборувам за "учење" на форуми и воопшто на интернет, стој понастрана од интернетската наука. Навистина не можам да разберам која ти е пораката овде, дали велиш всушност дека, некоја која веќе испила 2 таблети не смее да се напие трета, туку треба да остане бремена, а потоа посигурно по здравјето и е да оди на абортус? За овие неколку дена веќе имаш примери и овде ако веќе сакаш да учиш на форуми, за сигурноста на Норлево, ете некоја испила 8 и нема друг проблем, освен недостиг на одговорност, исто и жената што го почна постот за Норлево остана трудна истиот циклус кога се напила таблета, очигледно таблетата и нејзе не и пореметила ништо, оти да се оствари бременост треба хормонален баланс, нели има и таква тема по форумите? Не го пишувам ова за тебе да те убедувам, туку за некоја жена која ќе се поколеба да земе таблета заради тебе, па тек тогаш да си направи вистински хаос во животот, а не само мала промена во датата на циклусот ако се напие Норлево, па дури ни тоа не се случува често. Читате секакви глупости по интернет, ги споделувате и си се вадите од памет една со друга. И, да знаеш дека навистина има разлика во сигурноста меѓу Норлево и бомбон, Норлево може да го земаат и дијабетичарки, бомбони, од друга страна, не е пожелно. А сега, пријатно и доста дискусии за работи за кои немаш поим.
Искуствата на девојките на форумот после испиено норлево говорат доволно последниве години. Ти можеш и понатака да одиш со главата во ѕид. Нели ти е срам да наречеш пола форум девојчиња со бујна фантазија кои имале лошо искуство со норлево? Тебе девојче ти недостига елементарна култура во дискусија со соговорник кој воопшто не го познаваш, оти и да си стручна како што тврдиш, ти се губи во некултурата.