За да ти олесни направиси тест за бременост... мене еве веќе 3та недела ми касни направив тест беше негативен, ама и менструацијата па ич не ми е редовна...немам никакви симптоми ама сепак се плашам...но ме теши тоа што не сврши во мене а ние кондом никогаш не користиме затоа што јас сум многу чувствителна на латексот и после однос со кондом неможам да прекинам да се чешам немој да се плашиш и опуштисе, со нервозата и стресот кој ги доживуваш уште повеќе ја спречуваш тетката да дојде поздрав
ако ова се однесуваше на мене,значи вака ми касни еве веќе 17-18 дена ама правев 2 теста двата негативни,бев на гинеколог и докторката прво ми кажува имаш полицистични јајници и тоа е главниот проблем друго е се во ред и кога по некоја минута ми вика ама незнам евентуално да се работи за некоја многу рана бременост маткава како да ти е заоблена некако и тоа ми создава сомнеж,ми вика да не е многу рано да се види,и ме извади од памет сега незнам што да мислам...затоа ве прашувам после колку време од бременоста може да се покаже на вагинално ехо,пошо од последниот однос има поминато исто така најмалку 18 дена а може и повеќе,и исто како и ти сум имала односи и без кондом но никогаш не свршил во мене...се избезумувам веќе незнам што да мислам дали е толку можно да грешат тестовиве?
Истиот проблем го имаше и моја другарка..направи исто два теста негативни...менстуација не доби цел мецев...отиде на гинеколог и рекоја прво дека можда се работи за рана бременост...после и рекоја дека можда постоела некоја рана бременост ама плодот бил мртов па требало да се прави киретаќа и на крај кога отиде кај друг гинеколог и рекоа дека ништо од тоа неа-пиеше прималут...ја испи терапијата и и дојде... никаква бременост, никаков мртов плод...ама пред да почнеш да пиеш било каква терапија треба да се консултираш со гинеколог... поздравче
ООоф ќе си одам тогаш понеделник кај друг доктор пошо оваа ми вика да чекам дури до нареден петок а до тогаш цел месец ќе фати сакам да си знам на што сум,оваа некако не сакаше ни да ми објасни многу а незнам јас немам некое искуство ама мислам до сега дека ако има некаков плод би се видело пошо период од некои 2 и пол-3 недели и не е така малку,фала ти многу за одговориве во секој случај,се надевам ќе биде се во ред на крај... поздравчеее
^^На ехо се гледа од 4-6 недела од бременост,на тест покажува после 10-15 дена,така да ако си имала 2 негативни тестови значи дека не си бремена,постојат лажни позитивни резултати ама негативни никако не се случува.
И шансите да забремениш од предсемената течност се скоро никакви-0,001%... тоа и мене ме теши...само тоа и тестот негативен(-)
Како што рече и самата - да си одиш кај друг гинеколог најубаво. Ти се случувало и друг пат волку да ти касни?
најсигурно иди направи си тест на крв одма ке ти излезе дали си бремена или не...и мене ми велеа можеби е рана бременост не се гледа бла бла на крај тестот крв ми даде позитивност...
А да си го смениш гинекологот Мислам дека не си бремена, сепак направи си и крвна слика ако сакаш да бидеш посигурна. Ќе им кажеш дека сакаш да испитаат и бременост, освен нормална проверка на крвна слика.
Иначе да и друг пат ми се има случувано да ми касни се има случувано по 10-15 дена еднаш мислам најмногу 17 дена ми каснеше,Фала ви многу девојки на одговориве,се надевам само дека не сум бремена па се друго што и да е полесно ќе се среди.
хахаха исто исто,сега дури и во болката што ја имам и ја мразам најмногу ќе си уживам,само ајде нека ни дојде...еве утре отсабајлечки да ни олесни
И јас ќе те советувам да одиш на друг гинеколог. Ама мислам дека нема шанси да си бремена, затоа што тестовите се негативни, може еден да греши ама и двата да грешат не верувам.
Molam za pomosss!!! Imav nezastiten seks i mi se sluci posle 5 den od odnosot da imam bleda krv koga se izbrsav, vopocetoko milsev deka mi doslo no vidov deka nisto od toa.Toj ne svrsi vo mene no sepak imam nekoj stav bidejki nikogas prethodno mi se nema slucuvano ova. Denot koga imav onosi presmetav mi ispadna deka mi e ploden : Imam nogu golem strav sto e mozno da e???
Немој само да се плашиш... што и да е касно е за стресови-зошто така само ќе го пролонгираш доаѓањето на твојата менструација. Направи си тест за бременост. Ти препорачувам Sure Check, 130 денари е... Се надевам дека нема ништо, пошто по твојата реакција забележав дека несакаш да станеш мајка... и нема-не се плаши, не свршил во тебе! Поздравчее
Фала на поддршката,да се надеваме дека се е во ред.Осеќам и некоја болка во јајниците така да можно е да ми доаѓа менструација иако е прерано.Претходната ми заврши на 13 но можеби ми поранува,ух да се надеваме...
Направи тест и не си ја мачи душичката. Да не те вадам од памет ама јајници може да болат и од бременоста. Ти посакувам да биде само така како што посакуваш.
Мислеш дека е можно,иако не сврши во мене.Ух луѓе па нели е мал дури и невозможен процентот одпресементата течност да настане нешто...Во паника сум...