На психичка база сега ќе осетиш и водењакот дека ти пукнал. Ај не се измачувај за без потреба. Утре еден тест и мирна глава. И ако не можеш да трпиш ризик, имајте заштитен однос, вака секој месец ќе се растроиш психички. И ако не свршил во тебе сигурно, сигурно не си трудна. И олабави се.
Еве девојки нешто за предсемената течност и забременувањето од неа !...(извадок од некоја си англиска гинекологија-другарка ми ми даде да читам пошо се напнав со тоа што ми касни менструацијата...се надевам дека ќе биде корисно ) Се вика Ковперова течност, американците ја викаат pre-cum... Се создава од уретралната жлезда и се лачи секогаш кога пенисот е во ерекција (кај некои повеќе, кај други помалку). Содржи фосфатна киселина. Функцијата не му е само да биде лубрикант, бидејќи при половиот акт меѓу маж и жена, таа улога си ја презема вагината Знаеме дека киселините кои ги содржи урината, се смртни непријатели на нашите мали борци, сперматозоидите. Поминувајќи од тестисите преку каналчињата и потоа од простатата до надворешноста, сперматозоидите би се сретнале со кисела средина (остатоци од урината) која е смртоносна за нив, но затоа фосфатната киселина, која е пх-оптимална, создава совршена заштита и ги чисти каналите. Во ваквото “чистење“ може да бидат опфатени и сперматозоиди од претходната ејакулација, што е причина Ковперовата течност најчесто да содржи и сперматозоиди. Сепак, за да биде оплодена јајце-клетката потребна е концентрација на сперматозоидите од 20 милиони по милилитар (т.е. околу 40 милиони/мл по ејакулација). Бидејќи ваквата концентрација во Ковперовата течност е невозможна, сперматозоидчето кое оплодило јајце-клетка, а потекнува од неа, е едно среќно копиленце os: Значи, нема шанси за забременување од неа.
Мислам дека не треба да се секираш. Само направи си тест. Колку што те сватив треба да добиеш на 9-10ти.... а до тогаш нема смисла да се нервираш и плашиш.
Јас баш денеска кога бев на гинеколог, прашав за оваа предсемена течност и ми кажа дека може понекогаш да се забремени, а знам и за една колешка на мајка ми која забремени на овој начин Да не е човек на раат значи
Таман ми олесна со литературава во раце цел ден хахахахха... лелеее... ќути и ја истата мака ја мачам од психа де градите ме болат, де ми се моча се мрднав а друг пат доволно ми беше негативен да ми беше тестот... сега ни со тоа не се задоволив
Значи и мене ми се случи истото, и јас имам циста исто ми рече и мене докторката дека таа е причина, а нели ти даде апчиња да пиеш за да ти дојди? Јас ги испив и апчињата еве веќе 5 дена уште не ми дојде, утре пут под ноге одам пак кај неа
dada zatoa ne mozam ne sum zemala test bidejki , testot e najsiguren posle kasnjenjeto. Ama sepak mi bese cudno ova so bledata krv, nekade imam citano deka toa e znak za obloduvanje na jajce kletka zatoa pisav za poveke mislanje. Inako i jas mislam deka ne e voopsto vozmozno da se zabremeni od predsmenata tecnost barem taka mislam [mod-kirilica:wvdwydrk][/mod-kirilica:wvdwydrk]
Не си бремена според ова што го кажуваш, не свршил во тебе. И без многу нервози, веројатно знаеш и самата дека и од стрес може да ти доцни. Инаку, бледата крв може да е знак за овулација.
Значи и мене ми се случи истото, и јас имам циста исто ми рече и мене докторката дека таа е причина, а нели ти даде апчиња да пиеш за да ти дојди? Јас ги испив и апчињата еве веќе 5 дена уште не ми дојде, утре пут под ноге одам пак кај неа Девојче беше ли пак? што ти кажа ајде сподели,мене не ми даде апчиња мојата матичната ама после отидов кај друга на приватно ми направи ехо и она исто ми кажа дека имам цисти и ако спонатно не добијам ќе ми даде апчиња некои,и ми рече дека неколку дена ќе треба да ги пијам па да почекам откако ќе ги прекинам да ми дојде,незнам мене ми викаат дека не се работи за бременост ама веќе па преплашена сум 20 дена ми касни,што е многу многу е
Ако имаш цисти на јајниците треба да пиеш апчиња за да ти исчезнат. Јас имав циста на левио јаник на 13 год и ме правија операција, после пак ми се појавија и пиев Diane35 тоа се хормонални апчиња. Ги пиев цел месец и после ми дојде. Секој ден во исто време се пијат, (некој ги користат како антибејби пилули) . Не си бремена, ама ако имаш цисти додека не ги исчитиш не може да ти дојде. Ако ти рекле на гинеколог дека не си бремена, и ако ти дале апчиња да пиеш, не се секирај пиј ги редовно! Цистите не се шала. А за бременост , не се плаши, ако не виделе ништо на ехото значи не си.
Драги феминки Вчера со дечко ми си имавме секс нормално сврши надвор и на крај ми вика срце малку ми летна и во тебе Значи не ми се плодни денови во пмс сум треба да добијам таму докај 7-ми јуни..Колкави се шансите да затруднам?Ме фаќа паника Има ли некој вакво искуство?
Вчера пак имав бледа крв ама многу малки и ептен бледо црвено.Болка во јајниците има,типични симптоми за менструација,а сеуште никаде ја нема.Мислам дека до 9ти кога треба и да ми дојде,ќе полудам...Ви кажаа тест за бременост најефикасен ден после каснењето на менструацијата.Иако станува збор за овулација,дали е можно иако претходно не ми се случило да има бледа крв во тој период?
Добар ден Имав секс со мојот партнер , незаштитен , но како да се изразам незнам , не ни беше секс како секс , бидејки беше само 4ри пати влези излези и тоа беше се свршување немаше, но , беше 2 дена после завршувањето на мојата менструација а и незнам да си пресметам кои ми се плодни кои не денови , па сакам да знам дали е возмможно за тоа кратко време ( без свршување) да сум останала бремена (не дај боже) од предсемената течност ? дали има некоја ваква случка што резултирала со бременост ?
Нема шанси, не си бремена тоа сигурно. А за плодните денови, имаш календар тука на Фемина, таму можеш да си видиш.
E luge denes napraviv test NEGATIVEN Eeee ) superrr , testot e urgenten sto pokazuva 99 posto tocno, sto moze da se pravi posle 5tiot den od seksulaniot odnos cinese 7 50 den ama sepak vrede parite za negativniot rezultat )) Testot e self clear [mod-kirilica:3oxqirtz][/mod-kirilica:3oxqirtz]
750 денари? јас утре ќе одам да направам тест преку крв во Систина 400 денари е. Господ нека ми е напомош