Јас останав бремена 5 дена после менструација, мислев дека ми се неплодни денови. Циклусот ми траеше 30-35 дена исто. Пресметките се покажаа неточни, бар во мојот случај.
Здраво сакам да ве прашам дали има шанси да бидам бремена. Со дечко ми имавме неколку пати односи без кондом, но никогаш не сврши во мене, најмалку 5 минути пред да сврши го вадеше и свршуваше со мастурбација. Требаше да добијам на 23 јануари, но менструацијата се уште ми доцни. Направив тест 12 дена после доцнењето и беше негативен. Имав симтоми за добивање, но како да исчезнаа. Не знам дали од стрес дека на тоа постојано мислам па не ми доаѓа, но скоро секогааш сум имала редовна менструација.
Провери си тироидна, мене така ми се случуваше. Точно еден месец ме прескокнуваше. А си имав симптоми исто. Не си бремена сигурно.
Јас останав бремена со такво 'пазење' и ден денес незнаеме дали останав од предсемена дека секогаш надвор свршуваше Ама мене ми покажа после 7 дена доцнење Провери си на крв мада мислам дека не си бремена, секако тркни до гинеколог ке ти каже што да испитуваш зошто доцни
Изгледа само непотребно кренав паника, ама психата е заебана работа. Сабајле кога станав добив. Поздрав
Здраво девојки... со мака сум шом сум решила да пишам, по ова што гледам и има доста за читање ама немам време да барам, а може некаде и го има огдоворот, затоа однапред се извинувам ако ова прашање е веќе одговорено. Вака добив пред 5-6 дена, ама многу слаб циклус,а имам симптоми на бременост... градите ми се отечени, стомакот го осеќам подуен, поспана сум по прилично... па си направив тест синоќа за секој случај, ми се појави бледо розева линија, за да бидам сигурна денес направив уште еден, излезе негативен, па отидов на проверка преку крв... и тој излезе негативен... а симптомите не поминуваат... си мислев дека лажно кревам паника и дека после завршувањето на циклусот се ќе ми помине... ама градите ми се отечени многу повеќе отколку пред да добијам.... дали некој имал слична мака? ако не се работи за бременост што може да биде причината за симптомите и за бледата линија на тестот? инаку немам пиено никакви лекарства... фала ви однапред
ако преку крв ти покажало дека не си бремена, нема шанса да си бремена. симптомите ти се и предменструални, ќе добиеш кај и да е.
јас добив пред 5-6 дена, ама циклусот ми беше слаб едвај може да кажам дека имав добиено, а симптомите на пмс уште не ми поминуваат... тоа е тоа што ми прави паника
оди на гинеколог, може имаш некој мал проблем, ама бремена не си. тестот преку крв го детектира хормонот бхцг уште веднаш ако забремениш, ако го немаш хормонот во крвта не е возможно да си бремена.
Ќе одам на гинеколог тоа секако, ама ќе можам тек од понеделник... инаку знам дека се проверува хормонот бхцг, истиот хормон се проверува и преку домашните тестови за бременот... ама на тој тест ми покажа бледа линија... може да е проблем со полицистични јајници или нешто друго хормонски... секако ќе морам да направам детални анализи... пишав најмногу за да знам шо да очекувам... фала ви за одговорите девојки
Дали гледате бледа линија или јас грешам? Денеска се тестирав и пред 1 саат и на долната облека заприметив како кафеавки и розевки точки .
Можеби е подобро да почекаш да помине денот кога треба да добиеш, па повторно да направиш тест. Кога имаше ризичен однос?
Zdravo jas sum nov clen i ve molam za mislenje Imav menstruacija na 4.2 i traese 4 dena ama kafeavo za razlika od normalna menstruacija - dali e mozno da sum bremena ili ne? Dali e rano da se napravi test?
Ако продолжи вакво крварење, веројатно менструација. Кај мене имплантациско крварење беше само една капка и само еднаш. На твое место би направила тест за 3-4 дена.