Да да толку го зема и убаво праша во аптеката ми речеа дека е 99 % сигурен и дека не мора да се чека до задоцнувањето на менстрацијата, ама мораше да се осигурам со оваа розовата крв што ме преплаши , ама добро се ок излезе ) Со среќа на тебе утре надевам се и кај тебе се ке биде ок
ми доцни веќе 20 дена а пред една недела ми потече нешто како кафеаво и траеше три дена. сега незнам дали ми дошло или не и дали сум бремена
Мислам дека најдобро ќе биде да си направиш тест или да одиш на гинеколог. Вака неможе ништо да се каже. Претпоставувам дека имаше незаштитен однос. Сврши во тебе или?
Направи си тест преку крв, најсигурен ти е јас вчера правев во Систина и за 15 минути резултатот беше готов.
фала ви за советите но ке почекам уште некој ден пошто често ми доцни некогаш со некој ден, 2 до 3 недели а некогаш и месец
Хм со дечкото пред 2 месеца имавме незаштитен однос и сврши во мене ,после утредента бевме на лекар да ми препишат пилули и Ја испив пилулата и после тоа ми дојде наредниот месец. Овој пат имавме повторно незаштитен однос и сврши во мене ама не бев во плодните денови .... се надевам дека ке ми дојде овој пат .
Епа девојко сега е касно, штом не си спремна за бременост држам среќа да ти дојде, ама баш заради ваквите грешки доаѓа до несакана бременост. Зошто му дозволуваш да свршува во тебе? Никогаш неможеш да знаеш со сигурност кои денови ти се плодни а кои не. И веројатно знаеш дека тие пилули не треба да се земаат повеќе од два пати годишно.
Ке може да добијам повеке одговори ве молам Имав секс со мојот партнер , незаштитен , но како да се изразам незнам , не ни беше секс како секс , бидејки беше само 4ри пати влези излези и тоа беше се свршување немаше, но , беше 2 дена после завршувањето на мојата менструација а и незнам да си пресметам кои ми се плодни кои не денови , па сакам да знам дали е возмможно за тоа кратко време ( без свршување) да сум останала бремена (не дај боже) од предсемената течност ? дали има некоја ваква случка што резултирала со бременост ?
Зашто едноставно не си направиш тест место да мислиш и да се преоптоваруваш верувај многу е полесно кога ќе знаеш на што си. Ова истово го пиша и пред некој ден, што значи поминато е доволно време и можеш да направиш тест
Ако сврши внатре не е 100% сигурно дека ќе забремениш, а тој не свршил, шансите да бидиш бремена се многу мали дури и не постојат. Ама да ти е мирна глата купи тест и провери.
Два дена по менструација неможе да ти бидат плодни денови + несвршил = свиркај си Не се паничи... ако е така како што имаш напишано. Спојлер незнам дали имаш видено на сајтот на фемина имаш календар за плодни денови. http://www.femina.mk/здравје/интимно/календар-на-плодни-денови
ги барав васите одговори за да ме успокоите малце ако мозе инаку многу е рано да направам тест , тоа е проблемот неможам да дочекам да помине месец или колку требаше 2 недели од односот затоа вака гњавам да чујам ваши мислења и исккуства
2 недели ако правиш тест преку урина, а помалце преку крв не е проблем ние да ти ги кажеме нашите искуства и мислења, но сепак најспокојна ќе си ако си провериш. Спојлер ти кажувам од искуство за да не чекаш толку направи тест преку крв, јас го правев во систина 400 ден. и за 15 минути имав резултати едит: self clear чини 750 денари во аптека и може да се провери и 1 ден после односот дали има нешто и е 99 % точен. Така барем и кажале на феминката која го има купено тестов. Прочитај неколку мислења наназад и ќе го најдеш мислењево. И веднаш направи си каков било тест, да ти олесни
Ако не свршил во тебе ти гарантирам дека не си бремена. Ако е така до сега колку деца ќе имавме сите? Ако си толку испаничена направи тест, ќе се смириш кога ќе видиш дека е негативен.