Здраво девојки пред од прилика две недели пишав во темата за мојата ситуација,е сега сакам да кажам дека една недела по не заштитениот однос јас добив циклус после една недела од циклосот ги имав сите симптоми на бременост јас правев два теста беа негативни денес јас правев пак тест бидејки симптомите ги имам оште и тестот излезе позитивен знаци после од прилика 4недели од односот,значи и покрај добијен циклус јас сум бремена а за тоа време није немавме односи бидејки јас не сум во мк...
тоа што си "добила" една недела откако си имала односи, не ти било менструација. Тогаш ти се закачил плодот и затоа си крварела малку. Тоа е имплантациско крварење,а не менструација. Честитки , ти поскувам лесна бременост
Ти благодарам , Мислав дека е менструација бидејки не беше баш малко краварање ама сепак и не беше како другите менструации до сега ова беше без болно после од како заврши ги имав истите симптоми, како и да е сега веке знам што е
Дали е можно да не се покажува бременоста при негативен тест и редовна менструација? Ненормални болки во стомакот имам веќе 1 месец.
Здраво,ми доцни една недела двапати правев тест за бременост и на двата имаше многу бледа втора линија дури незабележително и немам никакви други симптоми инаку имам редовен менструален циклус поздрав
има случаеви каде што бремени жени имаат менструација секој месец ,иако се ретки. ама мислам дека тест мора да покаже доколку ти доцни. провери си преку крв ако имаш сомнеж. болка во стомак може да имаш од многу други причини.
Mi docni 16 dena a nemam nikakvi simtomi za dobivanje Toa mi se desavase I pred 2 meseci bev na lekar mi dadoa apcinja primalut nor 2 meseci dobivav na vreme I sea pak mi docni soveti sto da pravam??
Девојки, имав однос со мојот дечко кој сме долго заедно и се случи поголемиот дел од спермата да биде внатре а нешто малку надвор.Имам болки во долниот дел на стомакот, брадавиците ми се некоја љиљакова боја но не ме болат многу. Имам два дена до менструација, исто тиа се случи во плодни денови. Тестот shure chek ми покажа денеска негативен.
Почекај да ти закасни барем 1 ден, а ако си нестрплива напрај си тест преку крв за најсигурно. Еве мене втора бременост ниеднаш не ме болеле градите на почеток, кај секоја различно.
Девојки, јас сум нова на форумот и сакам со вас да го споделам мојот проблем. Еве веке шести седми ден како ми доцни, а од ризичниот однос со сопругот помина веке скоро месец дена,и имам три негативни теста. Кај геникологот можам да отидам дури од понеделник. Дајте совет мислење
Во некоја од приватниве лабаратории направи си тест за бременост преку крв БХЦГ. Можеш во било кое време од денот.
Менструацијата не ми е редовна, ми се има дешавано да ми касни и по 10-12 дена. Овој месец требаше да добијам на 8ми. За време на плодни денови имав кафеав исцедок, кој не ми се појавува прв пат. Вчера повторно имав кафеав исцедок. Со дечко ми имавме само еднаш однос, кој не беше ризичен воопшто. Градите еден ден ме болат, утредента ептен малку, имам болка и во јајници и половините. Што мислите?