Па не би требало да имаш ништо. Сперматозоидите изумираат 30-60 минути откако се надвор. Ама дечко ти требало да се измие, ем за посигурно и почисто, ем водата побрзо ги умртвува сперматозоидите.
Сакав да прашам...Имавме односи со дечко ми 2-3 пати во една вечер без заштита,но по секој однос тој одеше во вц (мала нужда) и се миеше.Не ни е прв пат...И другиве месеци сме правеле така...Последново беше баш на 10 Јуни,датумот кога требаше да добијам...Но се`уште немам добиено,а градиве ми се потечени,имам дијареа,влакнетост по лицето и нервоза...Дали може да биде од тоа што пиев антибиотик АЛАМЦИН?Ме интересира дали после одење по мала нужда се чистат каналите кај дечко ми?
Маца, секако дека лек кој претставува јак антибиотик може да ја поремети менструацијата. И кога веќе знаеш дека треба денес да добиеш можеш малку самоконтрола и со еден секс да се задоволиш. Сега не можеме да знаеме дали има нешто или нема, ама не би требало да има а и не ви е прв пат. Сега смири се и почекај па ќе видиш што ќе биде. Ако не добиеш за една недела направи тест. Една недела до десет дена да ти доцни циклусот е сосема нормална појава.
Мене ми доаѓа на 38 дена...Последно имав на 3 Мај и сега ја очекував на 10 Јуни.Ај здравје ќе видиме што ќе биде.Дечко ми ме убедува дека нема шанси што оди во вц после односот (ама страв и стрес)...Тоа е..Фала
Не се оптоварувај толку затоа што од нервоза знае да касни. Не би требало да има ништо, затоа што не свршил во тебе и ти самата кажуваш дека одел во wc. И тоа што пиеш антибиотик може да предизвика доцнење на менструација. Почекај уште некој ден, ако не добиеш направи си тест за да се смириш.
Последно имав на 4 мај,а ми доаѓа на 38 дена значи на 10 Јуни требаше... А овој тест е оној после 5 дена од зачнувањето... Ќе видиме.
Девојки ве молам ваше мислење пред 2 дена имавме однос со дечко ми , ни пукна кондомот, после односот забележавме дека кондомот е пукнат, а мене ми беше 5 ден од менструација... Што мислите има некакви шанси да останам бремена ? Фала однапред
епа тогаш не се секирај... чекај да ти дојде , и да имало мало дупче ако не свршил во тебе мали се шансите да се забремени од пресемената течност
Нема шанси да си бремена, штом не свршил во тебе. И не мисли на тоа цело време, можеш само полошо да си направиш. Мене многу пати ми се има случено така па не сум останала бремена.
Луѓе со дечко ми имаме односи веќе 2 3 меесеца, на почетокот користевме кондоми но ги исфрливме од употреба бидејќи ни се кинеа и вадеа. Минатиот месец ми закасна 2,3 дена и се исплашив, но ми дојде, никогаш нема свршено во мене но постои ризик за забременување од предсемената течност. Од минатта менструација веќе има поминато 30 дена. Има ли можност да сум бремена? Колку е цента на тестот за бременост?