Контрацепцијата нели е штетна? Знам дека доста гинеколози не ја препорачуваат, барем тие кои јас сум ги прашала. Знам дека тоа му е намената, ама јас не би.
Поштетно е два три пати годишно да се останува трудна и да се прави абортус . Заштита мора да се користи .
Сериозно таква споредба направи? Поентата ми беше дека многу подобро е да се користи кондом отколку да се клукаме со хормони, кои ете очигледно се штетни и влијаат на плодноста на жената од она што го знам до сега. Не знам можеби и грешам, така ми кажал гинеколог. Затоа и прашав, ме интересира, не ми беше целта да контрирам па за да чувствуваш потреба да ми возвратиш со иронија.
Извини Не те сконтав баш од старт А и одговорот ми беше наменет за девојчето кое не 'трпело ' кондоми. Мислев дека и постот за контрацепција ( во случајов твој ) е нејзин . Затоа го напишав тоа што го напишав . Се извинувам уште еднаш . Инаку , и јас се слагам дека изборот на презерватив е далеку подобар од колку секое месечно клукање со хормони
зошто да е штетна ? па баш тоа и е намената да те заштите од бременост а тие хормони шо ги содрже пилулата се милион пати послаби од едно норлево шо си го пијте како бонбонче
Затоа што Е штетна. Зошто да се клука со хормони наместо да користи кондом? А кој тоа пие Норлево како бонбонче? Ако зборуваш за други, тогаш нив обрати им се, јас не ризикувам со незаштитени односи. Остави тоа, туку и споредбата ти е сосема непотребна.
Општо за сите ми беше коментарот не стрикно за тебе и не е штетна контрацепцијата ако е штетна до сеа сите ке изумревме али да измеѓу кондом и контрацепција подобро е кондом за вас млади девојчиња бидејки ем од болест ем од бременост ке ве заштите кога веке ке бидеш со еден партнер ке имаш деца и фамилија ке видиш дека и контрацепцијата во вид на пилули е е лоша опцја ама секој како си сака
каде е тоа вајд? дај ми линк да видам зависи од ситуација јас пример имам доста неродовен циклус а и многу болна овулација исто ко да раѓам тогаш мене пример многу ми е поубаво со микрогинон одколку без него ем редовен циклус ,чисто лице коса кожа сјае , ем немам болки ни за доаѓање ,до саат знам точно кога ке ми дојде пак ке речам секој за себе
What are the long-term side effects of birth control? What Are the Side Effects of Birth Control Pills? Is There a Limit to How Long You Can Take Birth Control Pills?
ако така размислуваме и се водиме по непожелни њус појави и аналгинот и парацетамолот и вакцината и сите друго лекови имаат несакани дејства
Секако... За мене да кажам, не сум користела никогаш хормонска контрацепција, и не би. Другите, секоја сама ќе си одлучи, откако ќе се информира соодветно.
И во консултација со гинеколог,а не форум,зошто на своја рака пиење контрацептиви може огромна беља да си направи со хормоните па после да си ја треска главата. Затоа да не поттикнуваме ние овде
Набрзо ќе развијат и контрацептивни пилули за машкиот пол. Во завршна фаза се. Дали сериозно мислите дека некој од нив би се клукал со апчиња за да не предизвика бременост ? Не. Пак играњето со хормони ќе ви припадне вам жените а они ќе фураат без никаква заштита и ќе се лупат од гради дека беља нив не може да им се случи, дека многу спремни де..
јас си кажав чисто информативно за мене и мојот случај секако дека првично со гинеколог разговарав па направивме хормноски статус ,пап, ехо,колноскопија и хпвтипизација па ми даде зелено светло доста за мене за девојчињата тука дадов предлог контрацепција од која јас сумзадоволна секако дека ке се консултират со гинеколог прво