Значи, пред околу две недели, го триев својот на пенисот на моето момче (директен контакт), но не на врвот, и тој не ејакулираше од тоа, бидејќи јас престанав, иако имаше пре ејакулат. Тоа беа моите плодни денови ако тоа значи нешто. Дали е навистина возможно да забремените од ова? Многу се плашам затоа што прочитав дека е можно да забремените секогаш кога имате директен генитален контакт. Јас треба да добијам моја менструација овие денови, а пред 3 дена ги имав сите ПМС симптоми, но денес тие се целосно исчезнати и сè уште не ја добив моја менструација? Јас сум 17 btw и никогаш не сум имала пенетративен секс. Ме загрижува тоа што во Неделата ги имав сите сите симптоми, баш и силни грчеви во долниот предел на абдоменот, мислев дека ќе пристигне менструацијата, но еве веќе два дена исчезнаа симптомите и ништо нема. Простете ако звучам неинформирано за забременување, не е така но едноставно сум премногу параноична, се изначитав за вакви случаи од повеќе извори и голем процент велат дека има можност при секој директен контакт.
Не, не ми доцни туку баш денес треба да дојде, но никаков симптом немам и покрај тоа што имав пред пар дена кои престанаа комплетно.
Ви благодарам на одговорите... Знам дека најчесто за бременост е потребна ејакулација внатре во вагиналниот канал, но екстремно сум параноична. Плус, овој месец се рехабилитирам од наркотични средства, а оваа параноја и неизвесност само ми прави да земам повторно... И ветувам последно е, дали имате одговор за ситуацијава што ми прекинаа ПМС без да ми дојде?
Според мене мажите се глупави можат и да се отроват од тие апчиња за да добијат секс без кондом. Хахахах
Стресот плус наркотичните средства се причина за да ти доцни. Не си бремена. Престани да си го уништуваш животот со наркотични средства, премногу си млада. И не почнувај со сексуални односи сè уште не си спремна. И задолжително кога ќе имаш односи да користиш кондоми за да се заштитиш и од преносливи болести и од бременост.
Немам редовна менструација да ги бројам плодните денови, откако бев на гинеколошки преглед ми кажаа дека се ми е во ред и од тогаш престанав и да ги запишувам датите кога ми доаѓа. Е сега оваа недела мм повеќе пати сврши во мене, знам дека е најдобро да направам тест после 2 недели но од нетрпеливост дали ако го направам порано може да покаже точен резултат или ако направам подоцна уште еден може да се смени резултатот? Се надеваме дека ќе биде позитивен. И уште нешто, на прегледот како се открива колку недели сум бремена (ако останам) со оглед на тоа што немам редовни менструации?
Golemi se sansite stom svrsuval vo tebe plodot na eho mislam deka se gleda posle 8 nedela a ako napravis test ako ti docni ke ti pokaze rezuktati daj boze da ti e pozitivno da si vidis dve crtki
Доколку не знаеш дата на последна менструација плодот по мерките ќе ја открие неделата. Но не верувам дека ќе биде во првите недели додека е точка од прилика сети се на која дата си добила прошлиот месец заради тестот,да го направиш некој ден после таа дата.
Прво и основно да не се оптоваруваш со тоа дали сум бремена, тешко е знам, ама тоа е. Не знам како докторот увидел дека се е во ред а циклус нередовен, да ми е да знам, мислам дека не е воопшто нормално тоа. Отприлика кога си добила сигурно знаеш, па и 5 дена да е разлика. Гледај во тој период направи си тест. Тестот може да биде лажно негативен, ама не и лажно позитивен, зошто реагира на хормон кој го лачи телото за време на бременост, може да го има во мала количина и да не детектира бременост, но ако го има веќе веројатноста да си бремена е 100%, само треба да се оди на прегледи после.
Ми доцни два дена вчера правев тест од тие утринските негативен беше денес правев уште еден ама Sure chek и пак негативен. Можно е тестот сеуште ништо да не покажува или не сум бремена......