Еве за да бидеш мирна напрај уште еден тест утре, а за останатиот почекај уште десетина дена. Ако си бремена неможе тестот двапати лажно позитивен да покаже. Со среќа и тебе, па да се префрлиме во скоро време во темите кај мајките
@Mila 123 И утре е премногу рано. Место да си даваш лажна надеж фрли се на работа деновиве што следат можеби уште не ти е помината овулацијата. Тест се прави после доцнење на менструација,после 3-4 дена. Тие што имаат порана овулација можат и некој ден пред да добијат. Некој ден мислам на 2-3 дена пред добивање. Многу добро го знам чуството на исчекување и негативни тестови,така да ти кажувам од искуство. Едит: за преку крв да покаже точно се препорачува после 10-15дена доцнење. Така ми кажаа мене кога вадев.
Резултатот од тестот за бременост е важечки 5 минути од контакт со урината. 100% сум сигурна дека и на самиот тест го пишува тоа.
Денеска ми е 8-ми ден од овулација, имам болки како за добивање но многу послаби, градиве ме болат и од сабајле отидов по голема 3 пати, а кога и да одев по мала осеќав притисок како пецкање ... Имплантација или ?? некој со слично искуство ?
Дали мора да ми доцни за да направам тест? Треба на 15да добијам но веке 2 дена ми се врти и сум малаксана истото чуство и со предходните бремености, може е рано само така си паничам
Така ке ти биде најточен тестот, ти ако сакаш и сега направи ама и да има нешто може нема да покаже бидејки е рано
мислам дека нема шанси дека да осеќаш нешто. може да осеќаш благи грчеви после имплантацијата, матката се стиска ,собира и шири пошто пробува а го исфрли јајцето пошто е "страно" тело, и тогаш се осеќаат грчеви како за менструација. ама и тоа е поретко. најчесто жените не чуствуваат буквално ништо.
Прв пат ми се случува, обично 2-3 дена пред доаѓање понекогаш ме болат гради, овој пат ме скинаа и тоа скоро 9 дена пред доаѓање, слаби грчеи, многу ми е чудно, со сопругот не планираме дете, ама имавме ризиќни односи месецов
Женски, имам уште 10 дена до менструација, од завчера чувствувам постојан умор, стално ми се спие, некогаш имам вртоглавици и отежнато дишење. Онака помислив да не е можеби нешто убаво (и пробуваме) па секој совет ми е добредојден