Честитки! Јас гледам бледа линија. Сигурно порано си го направила тестот. Кој ден од циклус ти е,,? Ајде со лесно. Нека се множат трудници. Ние од 9 месец ќе бегаме кај мајките, вие заменете не во труднички муабети.
Да порано го направив на 29ти ден а на 16ти требаше да добијам.. фала ти многу сите да си ја дочекате оваа радост.
Девојки до денеска 4 ден како ми доцни (до сега точна ми е како часовник). Сабајлето правев тест и излезе само една цртка. Дали е можно да сум бремена а да не покажува на тестот. Фала ви поздрав
Дома ми е јас моментално сум на работа. Не знам што да правам дали да земам уште еден утре сабајле да направам
Најдобро испитај преку крв,ако си имала подоцна овулација може да не ти покаже преку тест.Испитај преку крв и ќе знаеш за сигурно дали си бремена или не
Негативно искуство имам и страв ми е малку. Се мислам да почекам уште некој ден па пак да направам тест
Честитки,со лесно!Повтори за неколку дена треба да биде поизразена линиjата. Тргна убаво месецов,со позитивни тестови а каj некои членки броени денови до гушки со бебушите.Со лесно да е на сите.
Мила се надевам дека овој пат ќе биде позитивно искуство.Ама колку одолговлекуваш толку повеќе ќе мислиш на тоа и ќе бидеш под стрес.Ако е негативно и утре преку крв и по три дена преку тест ќе покаже негативно, барем не се мачи ќе знаеш на што си.Ти посакувам среќа најголема
Утре ако не добијам ке одам преку крв да проверам. Искрено се надевам дека после 4 ипол години најголемата желба ке ми се оствари. Ти благодарам за поддршката
Дај боже да се пофалиш со најубави вести.И јас еве веќе три години се борам за бебе,во март правев лапаро и хистеро и во септември ќе правам инсиминсција па се надевам ќе излезе се во ред
Тоа јас се го поминав пред година ипол се е во ред и со двајцата ама никако да бидне работа. Ама искрено се надевам дека ке биде во скоро. Голем е Господ. Нека ти е со лесно и поскоро да си се израдуваш