Дали преку обична проверка на крв може да се дознае дали си бремена или не? Или мора посебен тест преку крв за утврдување на бременост?
Ќе кажиш дека е за бременост, различно е. Плус има тест само за потврда на бременост позитивен или негативен, и тест за утврдување на вредноста на хсг. Ќе нагласиш каков ти треба. Барем јас ко испитував така беше.
Здраво девојки.. Ми доцни менструацијата до денес точно 1 недела. Имам само 16 години и се плашам да не случајно дошло до непланирана бременост,бидејќи имавме односи без заштита и тоа не само еднаш. Читав симптоми за пмс и за рана бременост,но речиси се исти. Имам главоболка пред спиење,стомакот ме боли,и желудникот исто така(одвреме на време), градите ме болат кога ќе ги допрам и почнав да одам почесто во тоалет. Се плашам да не сум бремена... На лицето веќе имам акни,но никако да ми дојде. Ве молам поискусните помогнете. Од што може да ми доцни?? Ви благодарамм однапред❤❤
И самата си свесна дека е можна бременост при незаштитени односи.Ти доцнело ли некогаш толку дена?Ние не можеме да ти кажеме тука дали си или не,мораш да направиш тест.Со сигурност к'е даде точен резултат штом ти доцни 1 недела. Ти посакувам да не си бремена,ум за друг пат.
Па може и од стрес да ти доцни.Па на 16 и циклусот не е толку регулиран како на подоцнежна возраст. Доколку свршил во тебе нормално дека имаш 90% да си трудна. А зошто се плашиш да не си бремена?Не сакаш да бидеш? Како дозволуваш да имаш односи без да се заштитиш.Зошто се подложуваш на стрес? Извини ама утре дечкото може да ти каже ај чао не те знам оди крши си глава , а ти треба со твоите родители да одиш на абортус.Сигурно не сакаш на 16 години да се срамиш пред твоите дека си бремена.Па нареден пат купи кондоми и без кондом не се соблекувај биди паметна жена Ниеден маж не вреди за ти да си го уништиш животот.Со среќа
Статистички, секоја жена има 20% шанси да забремени во еден циклус. 90% дека е бремена, не треба да и се вели кога не е така, може не ни и биле плодни деновите. Заштита МОРА да се користи девојче, пред се за репродуктивно здравје, не смееш да се изложуваш на полово преносливи болести.
Девојки ми доцни точно една недела направив тест преку урина покажа негативно но некако ми е страв незнам колку се тие точни да почекам ли уште некој ден или да направам тест преку крв
Здраво Ми касни само 1 ден но скоро 10 дена имам гадење а последниве 3 дена ми течи крв од носот. На 22ри јули имав секс ама не сврши во мене после тоа се беше со заштита. Знам дека можноста е мала ама сепак страв ми е. Ве молам за мислење
Девојки здраво. Направив тест преку крв и ми излезе позитивен, денес бев на гинеколог но не ми потврди бременост, не можеше ништо да види, само два нови фоликули, ме прати утре да проверам пак преку крв но со титар и сега не знам на што сум. Може ли да споделите мислења и искуства затоа што сум збунета
Здраво девојки. Пишав и претходно но сакам повторно мислење. Последен однос имав на 27.06 кој беше заштитен. Незаштитен можеби 20.06 (или порано) кадешто тој не сврши во мене туку на страна, и потоа не продолживме. Добив на 02.07 циклус, а сега на 08.08. И двата циклуси ми беа нормални по 6 дена со доволно крварење, а не онака капки или светла крв. На 05.08 бев на гениколог таа ми кажа нема ништо, дали доколку би имало би кажало? (5/6 недели после тој незаштитен однос). Исто така таа ми кажа дека ќе добијам циклус за една недела некаде ја добив после 3 дена океј. Ме буни тоа што сум здебелена 2/3 кила, да кажам живеам во странство и дојдена сум овде еден ипол месец, можеби од климата и друг начин на исхрана. Што мислите дали треба да се грижам ? Ви благодарам