Devojkiii Dobiv menstruacija,tokmu koga sakav da go napravam testot. Vi blagodaram na site koi mi pomognaa na nekoj nacin. Pozdrav do vas*
Денешниот тест е дефинитивно позитивен на денот на очекуваната менструација,но тоа што ме плаши е дека имам малку болки слични за добивање.кога се оди на гинеколог најрано? Иначе пијам фолна и магнезиум.
Честитки мила Моjот доктор ми рече дека хцг треба да е наjмалку 1000 за да се види на ехо,можеш да си провериш.
Честитки и со лесно да си тераш. Сакам да пренесам дека мене докторот ми рече магнезиум се пие после 10тата недела зошто претходно можело да влијае на срценцето на бебето, така нешто. Најдобро додека да посетиш лекар пиј си само фолна
Честитки! Со лесно да ја износиш бременоста. Пиј си фолна, а за болните не се секира нормални се на почетокот. Да не се неиздржливи или со крварење. А за на гинеколог рано е. Почекај после 6 недела.
Во прилог ви ја цитирам мојата ситуација која ја бев пишала во друга тема.. да ве запознаам за да можете да ми одговорите .. Би сакала да се консултирам со вас , би ми значело било какво мислење .Ќе бидам можда малку досадна и опширна но морам да ви ја доловам ситуацијата во која се наоѓам и психата од вчера и те како ми е на најако. Во прилог ви ја кажувам мојата ситуација. Имав добиено од 22јул-26јули патем користам апликација ФЛО бидејќи се случува да заборавам кога сум имала добиено боже мој и според апликацијава плодни денови ми дава од 8авг-15авг со тоа што на 13авг ми е најплоден но не ми е веродостојно колку е точно . Според сметање рано ми е да добијам , термин ми е на крај на месец август последните 5 дена од месецов. Во изминатиов период бев сексуално активна со мојот партнер како и секогаш без заштита па доколку дојде до нешто не бегаме од тоа. Во меѓувреме неделава буквално имам ненормални болки во предел на стомакот јајниците кичмата и моменти во градите , постојано спијам дење ноќе кома сум што е мн спиење реално од 24 часа будна сум 4/5 саата . Воедно сум и мн исцрпена и омалаксана. Пред два дена имав односи каде што кога му дојде не сум сигурна дали пред го извади или кога почна , но сигурна сум некако дека почна и го извади за да не заврши све во мене што за во рок од 4 мин он продолжи повторно без да се среди . Воедно вчера приметив на исцедок како засирена крв кој од време на време кога ќе појдев до вц при бришење и те како се познава колку толку дамки засирена крв. Еве моментално немам ништо. Сега мислење ми треба дали има шанси да сум зачнала а да не сум свесна или било какво мислење за ситуацијава . Поздрав и се извинувам на рефератов. ова го бев споделила на 11 месецов но веќе болки имав од претходно кои уште траат а веќе сме 19ти .. колку што ми кажаа морам да почекам 14 дена за тест .. но болкиве се хаотични плус почна да ми се зачестуваат вртоглавици некои и као подригнување како пред повраќање само нема повраќање. Некој совет мислење ќе ве молам .
Te citav i pred nekoe vreme za simptomi mislam deka e rano no kaj site razlicno se javuvaat pocekaj da ti docni pa pravi test
Здраво , хипотетички земано од 8-15 август да ти биле плодни денови на пример да си имала овилација на 12 затоа што ти се плодни денови да ама поради тоа што апликацијата не може да ти каже конкретно кој ден, оти реално си плодна само 24 ч по пукање на фоликулот - па ете да го земеме 12 дека бил тој ден . Верувај пре пре рано е било што да ти покаже резултат , можеби си залнача не велам не , ама можеби сеуште трае процесот на имплантација или уште не е имплантирано а тоа се случува околу 10 ден после оплодување на јк . А хормонот што ти треба за детекција на бременост се лачи ПО имплантација - така да моментално ти е прерано за било што . Степи се не си прави ваква напнатост , и да не си зачнала ќе ти касни вака од исчекување.Со среќа
Бетата денеска беше 1195 на 5ти ден каснење. На ехо не се гледаше ништо ни сакус само задебелен ендометриум. Колку треба да биде бетата за да се види нешто на ехо?
Над 4.000 Супер ти е бетата,испитај за 2 дена дали правилно се дуплира. За 10 дена оди на пеглед Со лесно
Многу сум исплашена денеска ми се појави светло кафен исцедок ама не многу..ми препишаа утрогестан 3пати на ден ама многу ми се лоши од нив дека орално ги примам..
Ништо страшно,честа појава сд додека не е проследена со јаки бплки и свежа црвена крв. Подобро е вагинално да ги користиш. Прашај си дали смееш сепак. Добри мисли и многу одмор сака прво тромесечие.
Ми рекоа првиве неколку дена орално па после тоа вагинално. Све се плашам да не е некоја вонматерична бременост. Ама немам никакви болки ни на ехо не се виде крварење туку само кафен исцедок. Фала ти многу малце ме смири.
Затоа за 2 дена повторно ке испиташ бхцг. И ке видиш доколку расте праволно нема потреба од грижи. Рано е на ехо да се види ептен. Земај терапија и одмарај.
Девојки.. со партнерот имав однос и ми доцни 2 дена, но се случувало и претходно да ми доцни или порано да ми доаѓа. Имав воспаление и инфекција на бешиката и мочните канали и пиев многу лекови... Дали е можно од тоа да ми доцни? А, на денот на менстуалниот циклус имав како бледо крварење, но многу кратко траеше.