Ништо не ми дадоа ниту пак ме боцнаа утре одам пак да видам што ке биде ма да денес ова што се случи пак да крварам нз на што да мислам за утре
А пиев и апчиња за хормонално али кога дознав прекинав некој ден но се слушнав со докторката што ми ги има препишано и ми рече дека не смета да си ги продолжам уште еден месец
Провери пак БХЦГ , ако правилно расте (секој втори ден треба да се дуплира ) се си е во ред само е рана бременост . Ако не расте правилно тогаш веќе е нешто друго . Со среќа
Здраво девојки јас сум нова на форумов и би сакала да знам дали некоја имала кратка менструација околу два дена два месеци по ред?
Да ама јас нонстоп имам менструација која трае по пет дена а овие два месеци по два дена...ми дојде во понеделникот вчера веќе немав а градиве сеуште ми се тврди при допир
Јас до пред 9 години имав по 5-7 дена, обилно крварење со многу болки и со денови во кревет. После одеднаш нешто ми се случи, знаев дека сум добила само кога ќе појдам во вц и ќе видам крв на хартијата, влошки со години не користев, и толку траеше ден до два. Бев и на државно кај Сапунов, бев и во Систина и никаде не најдоа проблем, ниту со хормони ниту друго нешто. Сега користам само секојдневни влошки кога добивам бидејќи пијам аспирин за тромбофилија и малку повеќе крварам ама пак еден ден крварам, еден само кафеав исцедок. Ако најдеш причина и лек сподели го, многу ме плаши ова иако ми викаат нормално било.
Денес отидов хормони да ми проверат да видам да не е некое хормонално пореметување.Пошо со мм веќе неколку месеци пробуваме за бебе али после missedot минатата година некако тешко иде
Да, и мене на почеток ми рекоа од проблем со естрогени, па кога испадна тоа во ред ми рекоа имам полицистични јајници иако немало врска со тоа, па после од високи тромбоцити и фактори за наследна тромбофилија не сум крварела.. И на крај пак не се знае од што е, и само еднаш во овие 9 години крварев многу и обилно, и тоа се случи на одмор на плажа, букбвално по нозе ми течеше не можев дома да си дојдам. После ми рекоа дека може од стрес ми било па таму сум се опуштила многу.. На кој што ќе му текне тоа ми кажува
Мене само уште хормоните ми останаа...пап чисто брисови чисто крвна слика чиста се е чисто само никако бебче
Девојки пред 10тина дена пишав тука дека сум бремена но за жал испадна вонматерична..После еден ран спонтан и година ипол мачење се случи тоа што највеќе се плашев,вонматерична.. Поминав без операција само со терапија метотрексат..Знам дека сега следуваат испитувања па прашањето ми е од каде да почнам..