Не чекај туку веднаш направи тест, си требала веднаш после незаштитениот секс да купиш некое апче за ден потоа. Не знам какви ви се плановите, дали останувањето бремена би ти било проблем или не, но реши ја дилемата па потоа размислувај на таа тема, можеби кондомот се скинал со причина и тоа убава
Не може веднаш да направи тест, треба да поминат барем 2 недели по ризичниот однос. Од друга страна, апчињата за ден потоа влијаат до 3 дена по незаштитениот однос (во една брошура прочитав и пет), ама нотмално колку подоцна го испиеш, толку помало е дејството.
Може да направи преку крв доволно е да поминат 8 дена, а и оној новион тест Спојлер сто пати имам пишано за него по темиве се прави 5 дена после односот. Го има во зегин околу 500 денари е safe clear.
Ми касни 7 дена. Инаку имаме незаштитен однос. Ме интерисира после колку дена треба да се направи тест? Не сум правела до сега, затоа прашувам. Инаку секогаш добивам редновно на 31-32 дена.
Можеш да направиш уште првиот ден по каснењето, барем јас така мислам... Тој Sure Check - тестот, на него така пишува!
Многу мали! Ни 1%, без разлика на овулацијата! Сепак мислам дека за да забремениш и не е така лесно што би се рекло не е тоа "плукни па залепи"... Сепак е индивидуално ама јас сметам дека ако не свршил во тебе ептен се мали шансите да забремениш! Поззздрав.
Нема шанси, ако не свршил во тебе не е можно да забремениш. Тоа со предсемената течност е само теорија, во пракса не се случува. Да речеме дека шансите се 0.01%-скоро никакви. За да забремениш на овој начин треба навистина да си среќница. Така да, опушти се и не му ја мисли многу.
Девојки итно ми треба помош...Со дечко ми имаме односи скоро секој ден и никогаш досега не свршил во мене..но некогаш се решавам и за втор пат , па дури и во плодните денови..Претходниот месец добив на 24,а овој месец немам воопшто добијано..дали сум бремена? и дали со тест за бременост ќе можам да утврдам..
Се повторуваме постојано... Никој со сигурност тука неможе ништо да каже, но сепак .... Ти касни 7 дена. Можеби е заради промена на времево, сите шмрчкаат, омалаксани се, така да ... можно е Имаш 17 год..... матурантка можеби? ...матура, стрес .... или било каков стрес Можеби си и трудна.. а најсигурно земи си тест и провери... тоа е единствено сигурно решение Со среќа и нека биде тестот таков каков што сакаш
Не сеуште не сум матурантка..завршив 3та ....и јас се сомневам дека можно е да е до времето..но прв пат вака ми се случува и избезумена сум не знам што да правам..се надевам тестот ќе покажи точни резултати..:\
Никогаш до сега не ти каснела? Купи си тест некој поскап подобри се и земи си 2 за да знаеш најточно бидејќи некогаш знаат да згрешат. Или пак за најсигурно провери преку крв.
Земи си тест и не му ја мисли. И за се има прв пат... еве мене месецов 4 дена порано ми дојде ... се бива
^^ Па анонимно не може јас правев во Систина и за 15 минути беше готов резултатот чини 400 денари. За имe директно не те прашуваат ама на информации ти бараат лична карта внесуваат податоци во компјутер и во лабoраторијата веќе знаат само те боцкаат Спојлер може и да те прашаат која е причината што правиш тест ќе кажеш дека ти доцни искачаш и за 15 мин ти го носат надвор резултатот
Земи си Sure Cheсk мислам дека се најдобри, имам правено неколку пати и резултатот беше точен. Очекуваме резултати, со среќа!!!