Како најрано може да се открие бременост? Знам дека опциите се ехо, домашен тест од аптека и преку крв. Јас мислам дека крв, но дали е така?
Но посигурно е преку крв, така? Бидејќи имам слушнато за лажни негативни тестови, па да не фрлам пари на повеќе подобро е преку крв да направам или?
Ако ти доцни нема шанси да биде негативен тестот,мене пвиот тест ми беше негативен го правев 5-6 дена пред да ми дојде кога ми задоцни беше позитивен и преку крв да правиш ако е рано ќе биде негативен.
Не мора со упат. Имаше два вида, едниот покажува дали ти е покачен хормонот бхцг само, а другиот колкаво е нивото, односно колку недели си трудна. Второво е поскапо, ама повеќе од 600-700 не кошташе, не се сеќавам точно.
dali ima vrska od koga ke kapnes urina vo prozorceto potoa dali ke bide zatvoreno ili ne vlijae li na resultato znaci ako posle stavanje na urina vo prozorceto ne bide zatvoreno ? vlijae na resultato ili nema vrska
Здраво, ме интересира колку време може жената да биде бремена (вонматерична бременост), а да не знае? Имам страв од несакана бременост. Веќе трет месец по ризичниот однос ми доаѓа менструација, но читам на интернет дека можно е да не е менструација, туку крварење предизвикано од бременост за кое често девојките мислат дека е менструација. Исто така пред 2 недели имав мала болка во левиот јајник. Што ако не се работи само за бременост, туку и вонматерична плус? На гинеколог сѐ уште не можам да одам бидејќи крварам. На тест преку крв доколку е вонматерична бременост ќе постои концентрација на hcg хормонот? Се извинувам, не сум - но делувам неедуцирана поради моите грижи (за кои исто така придонесе и темата „Бременост и покрај добивањето менструација”). Можеби се глупави прашањата, ве молам не ме осудувајте. Само ми треба одговор.
Направи тест нема врска дали е вонматерична ќе покаже дали си или не си,ама не верувам дека си имаш добиено крварењето не е исто како за менструација него ќе крвариш секој ден,болките можеби ти се од циста или па си во оволвуација можат да болат.
Три месечен плод вон матка и да не се знае , тоа мислам дека е животозагрозувачко и нема како да постои бременост ВОН матка а толку долго да не се знае . Тоа би било проследено со огромни болки и еден куп компликации . Три месеца добиваш нормален циклус.Тие искуства се многу ретки и во принцип се по оскудни крварења од нормалните и нормална бременост во прашање (во матка). Според мене не си . За да бидеш мирна отиди најдобро на ехо на гин кога ќе престсне крварењето
Буквално секогаш користам кондом, но тогаш се скина и морав да се напијам апче за итна контрацепција кое исто така не е 100% ефикасно.
Да си вонматерично бремена, уште после првиот месец ќе пребледуваш како мртовец и ќе се губиш од болка која ќе ти го сече стомакот како нож... Од искуство ти кажувам, нажалост...На никој да не се деси тоа...
НАУЧЕТЕ си го телото. Водете дневник, пробајте да научите да си ги препознавате симптомите и што значат. Болка во еден јајник 2 недели пред менструација (крварење0 е очигледен знак за овулација. Не си трудна.