Девојки пред 8 месеци се породив но не доев и за 2 месеци добив менструација и секој месец ја добивав точно ден порано покасно ама точна ми беше и редовна но овој месец ми касни 12 дена си помислив да не сум бремена пак иако пазиме зш уште ни е мало синчето за др бебе хаха направив два теста едниот на 7дена од каснење др на 11 ама и двата беа негативни. Се плашам од што ми касни волку време?кои дриги причини можат да бидат за доцнење на волку време после 8 месеци од пораѓај? Зар е можно и двата теста да бидат лажни хахах. А и немам никакви симтоми ни гради ме болат ни ми се гади освен зголемен апетит и бел исецдок имам
Девојки веќе 41 ден ми е не сум добила сеуште од вчера веќе ми се отвори апетитот изедов се живо и малку сум нервозна на момент. Дали ова се знаци дека ќе ми дојде или она лошото?
Не работат аптеки треба до утре да чекам таман со првата урина на сабајле. До сега сме имале редовни односи без заштита со пазење и се случувало ден два да ми касни но ова прв пат ми се случува волку долго да ми трае циклус. Туку не ми е јасно здрави парови се обидуваат да направат бебе со месеци со свршување внатре , јас на овој начин да останам бремена некако е незнам..Имам прочитано и за предсемената дека можно е и од неа ама со претходниов факт некако не се совпаѓа
@Ilina1994 Девојче и онака имаш циклус на кој не му знаеш редот ко што ми останало во сеќавање, зашто и претходно памтам дека ти имам реплицирано. Зошто ама стварно зошто имаш односи без кондом? Имате и по 10ден. по трафиките на парче ако ви се скапи Дурекс и остали. Ти остај факти, здрави-прави парови, пазење. Гледај си за тебе и за твоето здравје. Ај умот може ќе ви дојде некогаш. Веројатно нема да е касно.
Значи ако сврши во тебе има шанси за бременост. А поголеми се шансите да имаш полицистични јајници со таков циклус. Од предсемената шансите да останеш трудна се 0.0001% Така да оди си на гинеколог да го регулираш циклусот со време оти вака си правиш дополнителен стрес на организмот и уште толку ќе ти касни.
@Ilina1994 ете денес е понеделник,работат и аптеки и гениколози.Многу феминки ти дадоа совет,сега твое е да одлучиш.Сепак се работи за здравje.
здраво женски, јас денес бев на преглед има два добри фолекули каде што според календари што пратев последна менструација имав на 2ри октомври, овулација требаше вчера но ете уште не е ,примав кломифлен и денес бев на преглед,уште не дошло до пукање на фолекул не ми беше јасно рече овие 2-3 дена активно секс и послем со утрагестан да пробаме, од четврток да пијам, ако ми дојде ништо здравје следен месец, ако не да се јавам ако не ми дојде,значи има бременот, но нели овулација е негде на 14 ден , може ли и повеќе да трае
Општо мислев, а и нема ништо лошо и во двата случаи. Секој си знае најдобро за себе Да си видиш тоа што си посакуваш.
Да, по книга е така ама индивидуално е реално. Јас имав рана овулација на 12-13 ден од прилика, а има девојки со овулација на 17-18 ден. Треба да си го научиш телото и да осетиш кога имаш овулација. Така да, продолжете со работа
Гинекологот била на службен пат до среда. Да прашам дали зголемениот апетит и појава на акни на лицето наговестува дека треба да ми дојде? Од вчера завчера по обилно јадам и тоа ме тера на благо и масна храна како пмфрит чипс итн, лицето исто од вчера повеќе ми е исфрлано
Ако докторката била на службен пат,аптеки има на секоj чекор.Ако си толку цврсто убедена дека не сте имале ризичен однос,мислам дека не би ни пишала во оваа тема туку во друга за проблемот што ти касни циклус. Мислам дека до сега требало да забележиш кои симптоми ти се поjaвуваат пред циклус.Овие што го наброja се едни од симптомите кои jас лично ги немам пред менструациja,ама каj тебе можеби се знак на циклус,не знам.
@Ilina1994 јас нечитам мн на темава ама од неколку пати што прочитав гледам дека сите ти ваат да направиш тест.Оди земи и направи.Неможеш да ја спречиш вистинат или си трудна или не си.