Не си останала за време на циклус, туку од тогашниот однос имало преживеани сперматозоиди кои ја оплодиле јајце-клетката што се ослободила при овулацијата. За тестирање, препорачливо е 14 дена по овулацијата, се разбира, ако знаеш кога се случила. Ако на 4-ти си имала ризичен однос, тогаш направи тест утре пак, ако е негативен и не добиеш во меѓувреме, повторно тестирај се по една недела, можеби овој пат си имала доцна овулација.
Здраво. Ве читав само досега но решив да се зачленам. Вака, многу сакаме бебче и се обидуваме. Имам вообичаено циклус кој трае 26 дена (досега во последните години само 3-4 пати траел подолго) Утре е 26тиот ден кога (не) треба да ми дојде. Од радозналост вчера правев тест за рано откривање и покажа бледа 2ра цртка!!! Но утрово имам светло кафеав исцедок кој нормално го имам пред менструација... Можно ли е и покрај цртата сепак да не сум бремена и дали кафеавото е "нормално" Пишав и во другата тема ама ајде еве и овде Поздрав
Не мора да значи дека кафеавиот исцедок е лош знак,го имав и jас на почетокот на бременоста.Но одма оди на гинеколог да те прегледа и да ти препиши терапиjа доколку е потребно.
Женчиња кажувајте мислење.. имено тестот го имам купено поодамна може 3-4мес ми стои дома. Однос имавме на 04.10 ми касни еден ден и сабајле го правев ова излезе. Цела сум во бунило зошто по апликацијата ми викаше дека 04 ми е овулација (знам дека не е точна ап) и имавме однос незаштитени ама не сврши внатре. Бунка до немај каде. До сега не ми беше јасно како можат жени ете така несакајќи да останат без свршување ама сега се уверив прашањето ми е колку често се дешава да има лажен позитивен тест и дали би можело да е мојов лажен? Секако ми е план др тест или преку крв ама вака сега во неверување и нетрпелива јас си викам да си прашам Едит: стомаче ме наболува како секој момент да ќе добијам
Има втора црта, бремена си Не постои лажно позитивен тест, само лажно негативен. И да, секогаш има исклучоци од правилата, ете ти си еден од нив. Честитки и со лесно
Девојки, пред два дена имавме однос со дечко ми и не знам како се случи на почетокот беше без кондом ама малку дали имаше една минута, и потоа беше со кондом. Секогаш си користиме заштита од почеток до крај ама не знам што се случи тој пат. Сега дечко ми е загрижен бидејќи одпосле видовме дека ми е денот на овулација. Јас го убедувам дека нема шанси ама тој е исплашен. Има ли место за паника или не?
Јас обично би рекла дека не би требало да се секираш ама скролни нагоре и прочитај ја членката @NNK19 и одлучи сама дали има место за паника. Позз
@Jagod4e123 да не те плашам ама шанси секогаш има кога е незаштитен односот. Ете како што кажав и погоре јас лично не верував дека може без свршување внатре да се остане бремена ама ете излезе дека сепак можело. Дури и мм се смее вика нема шанси да си трудна ако си тогаш не си од мене а за твојов случај штом си викаш дека немало ни минутка можеби не е исти случај ко мојот така да за во иднина и за тебе и за сите оние кои не сакаат да забременат КОРИСТЕТЕ ЗАШТИТА СЕКОГАШ !
Да има едни во зегин покажуваат 7 дена после ризичен однос. Прашај во зегин незнам точно име. Мене секогаш ми покажувале точно
Фала ти Ај уште 1 прашање треба да добијам на 1ви Ноември но имав 4 пати незаштитен однос и прокрварев многу малце и утредента имав кафеав исцедок малце што може да биде?
Кога крвареше? Ако е одма после однос треба да си идеш на гинеколог, тоа обично е знак за инфекција. Ако било брзо после менструација, може да била останата крв и да не е ништо страшно.
Здраво...веќе ми доцни 7 дена, правев 2 теста негативни беа. Имав односи но сите беа со заштита. Дали може да сум бремена а тестот да не покажува???
Извини да те прашам женска после колку време од тоа имаше симптоми ... искрено имав и ја исто незаштитен однос на 3 ден од менс. И одма после 6 дена некако ми се надуја градите исто како пред добивање и многу ми се врти дали е можно толку бргу да се има симптоми .. иначе секако сакам бебенце :/