Па знам имав гости и јадев зелник со праз ама не беше многу касно некаде околу 6 е после не ми текнува со мм обично знаеме навечер со филмче нешто да кснеме ама мислам дека ништо не јадев ова бременоста ме поремети. Многу почнав да заборавам
Хахаха исто И твојот резултат не е лош ама мислев да не си вечерала нешто пошто не качува само благото шеќер. За следно тестирање последен оброк 12 саати минимум пред вадење крв и во тие 12 саати се пие вода што повеќе. Сабајле нели нормално ништо, ни вода. Ова е препорака од лабораторија.
Здраво! Би сакала да споделам со вас,тоа што ми се случува овие денови,со помисла дека некој од вас можеби ќе ми даде некоја мисла. На 06.10 ја добив последната менструација, притоа на 17.10 имавме незаштитен однос со мојот сопруг. 30.10 рано наутро приметив бледо розов течен исцедок во мали количини и само по бришење со палома.Траеше до 3h но само по бришење како што реков. Потоа немав ништо до другиот ден кога исто така рано наутро приметив бел исцедок но исто така во мала количина. Во завршетокот од денот, поточно сношти, бришејќи приметив бледо кафеав исцедок траело исто така само по бришење само 3h. Денес цел ден сум чиста но веќе од средата осеќам грчеви на долниот дел, исто така и болка на гради (што би рекла дека прв пат се случува до толку). Би сакала да некоја од вас ми даде некоја мисла што може тоа да биди, значи тоа нешто дека останвам бремема или не? Благодарам од напред за вашите одговори
Симптомите што ги даваш асоцираат на бременост. Крварењето може да е резултат на имплантација. Направи си утре тест. Со среќа, ти посакувам очекуван резултат
И јас затоа бев збунета дека не е некое задоцнување на ментруација, што и тоа немора да значи баш, во последен период добивав каде порано каде подоцна. Но ова со бледо розова и потоа бледо кафено ми се случува прв пат ради тоа сакав да се консултирам со вас.
Тестот е негативен? И зошто по изминати 5 мин стана ваков Инаку пред овој правев друг тест, но имаше Ц линија само при што и таа беше дури невидлива, па сметав дека е невалиден
Ова е невалидно. Многу брзо за да се разлее,најверојатно многу мокрача имаш ставено,повтори го. Пишува во упатството после колку минути да се прочита,на следниот внимавај.
Здраво, сакам да побарам совет. Имав однос без кондом пред една недела, пред да сврши го извади но многу ми е страв да не останам бремена од пресементната течност. Незнам дали од самата помисла дека можам да останам бремена имам некој симтоми како што се главоболка и често мокрење. Бев на гинеколог но премногу е рано да има нешто што може да се види сепак има само една недела. Немам купено тест за бременост но го пробав тестот со сода бикарбона првот пат кога го направив имаше пена на врвот и како да вриеше но вториот кога го направив немаше никаква реакција. Ве молам помогнете ми
Мислам дека не би требало да останете бремена, од еднаш и сепак “природно заштитно” не би требало. Јас и мојот сопруг само така се заштитувавме па до сега не беше ништо. Сепак Божја работа неможеме да бидеме никогаш сигурни, сепак јас мислам не .