Не се секирај, ќе се среди се. Види утре што ќе ти каже д-р и ако не си сигурна оди на второ мислење.
Баш ќе му спомнам утре за уште еден тест да направам во друга лабораторија, дај боже да е погрешен овој првиов.
Дај Боже, се надевам дека згрешиле во лаб. Ама и да не е така нема застанување, следен месец со нови сили. Мора да биде!
Ми треба помош. Имавме секс со девојката. После четврта партија, на крај сфативме дека кондомот и остана во неа и мислам дека кондомот остана откако таа стана од над мене. Па го извадив јас некако... дали е можно од предсемена течност (не свршив воопшто последниот пат) но се плашиме - дали е можно од предсемена течност од претходно свршување да се забремени?
Аман бре Јорданчо Шала на страна, не е за овде постот ама зошто темата е најактвина те разбирам. Јас би рекла не е бремена, но не мора да значи, како што велат едно сперматозоитче завршува работа (иако се потребни милиони да го донесат до јајце клетката). Имало случаи кои демек останувале бремени од предсемена течност, од останат кондом и сл. ама јас сум скептична, зошто мене сето тоа ми се случи со маж ми, па останав бремена кога ептен се потрудивме. Може да побара консултација со гениколог за да и укаже што се превзема доколку имаш незаштитен однос, а не сакаш да останеш бремена. Се надевам полнолетни сте.
Ајде вака..сума сумарум Не сум експерт ама да се потрудам да објаснам.. За да може еден пар да остане труден, треба редовни односи на секои два дена, со целосна ејакулација внатре. Или барем еднаш во месецот ( на тие што имаат гоооооолема среќа па од прва да се фане ) партнерот да сврши во партнерката. Има случаеви што се останати од семена течност, и тоа е точно...меѓутоа шансите се многу мали, и без потреба од кревање на паника. Доколку ви е страв, девојката може да си земе ден потоа , контрацепција..и се пие најкасно 72 часа од свршување. Нареден пат повеќе внимање
Да, денеска се напи веќе од тоа апчето Норлево.. само малце сме паничари и двајцата и размислуваме за тест за бременост да направи и да посети гинеколог..
Каков тест за бременост..немате потреба од тоа, за да стаса здрав спермартозоид до јајце клетка му треба 30 до 40 мин, а за оплодена јајце клетка да стаса до матка и треба 3-4 дена, до 7-8 дена во најмала рака. Ни гинеколог ни тест за бременост ви треба. Тестот се прави најрано ден од кога ќе и касни, да отидете на лекар нема ништо да ви речат ради тоа што нас трудните не враќаат да дојдеме недела дена покасно за да видат плод, а не вас..Секако само пилула ќе препишат и тие..Опуштено, ништо не е..
Сите да останувавме така трудни, ќе бевме најсреќни на свет ! А не да се мачиме со години за дете,па да трчаме по доктори, и да се молиме за дете. Со првото останав по 2 и пол години трудна, со второво брзо беше..ама поентата ми е..не е така едноставно, посебно ако не си свршил..чил малце
Дали е возможно да се остане бремена при незаштитен однос доколку партнерот не само што не сврши внатре, туку и воопшто не сврши?
Чим се напила апче опуштете се и друг пат повнимателно пошто тие апчиња не се воопшто наивни, прават хаос на хормоните.
Здраво девојки пред околу 2 и пол недели добив менс и на вториот ден имавне односи со сопругот без заштита сврши во мене (бидеќи знам не се останува така) другиот ден ми заврши менст никогаш толку малце не ми траело и последниве 4 денови не ми се јади стомакот ми се дуја ми се лоши откако ќе јадам а навечер омалаксувам повраќам тоа што сум јадела и имам слаби болки во половината .. направив тест негативен мислам е .. но дали е можно да сум па да е рано за тест или имам бактерија на желудник со првото дете останав одма бремена па си велам дане сум од ретките и в о менс што забременуваат ? И да напоменам дека не почекувам дали ќе ми доцни па да проверам бидеќи не можам да јадам ми се лоши како што напоменав па ако не сум бремена да пијам лекарства за желудникот
Изгледа негативно. Има случаеви да се деси жена да остане така бремена, ама се ретки. Вака сега за сега, тестот изгледа негативен. Симптоми може и на психичка база да ги имаш, мозокот е чудо што може да направи. Опуштено малце.
Здраво. Пак јас.. пред 3 месеци ми доцнеше 9 дена и докторката ми даде дабростон од кои за 3 дена ми дојде. Сега пак ми доцни 3 дена а минативе несеци беше као ок добивав на време. Дали е можно пак да имам "заспиени јајници"? За бременост шансите се мали зашто имам како и 7год наназад односи без кондом и без свршување. Што мислите
Помош женски...Последните 5 6 месеци добивав мензис на секои 25 дена овој месец требаше да добијам во четврток но ништо од тоа помислив да не сум бремена ,но саботата веќе добив а денес пак ништо нема ...дали е во прашење некои проблем или до сега не сум имала некои такви проблеми...а на гинеколог сум дури после 25
Dokolku ne se povtori krvarenje kako menzis,napravi test za bremenost.Mozno e i hormonslen disbslans.Ne se plasi se ke bide dobro.