И има капнато малку појќе мокрача. Не е дека не е валиден вака. Да имаше бременост посекако ќе се појавеше втората цртка. Осетливи се тие тестови. Често така подлизнуваат
Најчесто пукаат сами од себе, многу жени не ни знаат дека си ѓи носат, се ќе биде во ред не се секирај. За бременост што ти рече ? Нема ништо така ?[/QUOTE] Pa ne znam doktorkata ne bese mn optimist bideki e 4 cm i ne se znae dali e izvrzana ii ne bideki ne mi kasni rece deka ne sum bremena
Здраво Се случи што се случи и партнерот сврши во мене, околу 40 минути потоа се напив Норлево. Прв пат го пијам. Но, кога го отворив ливчето таму пишуваше дека не превенира бременост откако настанала овулација и тоа ме исплаши бидејќи јас веќе имам овулирано и тоа пред 9 дена, знам секогаш кога точно овулирам бидејќи имам болна овулација. Дали ќе делува апчето? Исто така прашање до сите кои го имаат користено апчево - после колку време откако го испивте почувствувавте било какви симптоми од него?
Ако ти поминала овулацијата пред 9 дена зошто пиеш апче? Јас колку знам после овулација до 48 часа ако не се оплоди јк тоа е тоа, после и да сакаш не може..
Мајќе ми , да можам сите би ве истепала. Де бре дечиња убави не си играјте мајтап со тие апчиња - за ден потоа. Ќе си апете г'зо еден ден ама доцна ќе биде. Најдобронамерно ве молам тие апчиња да не ги користите како превенција!!!
Па да но што требаше да направам? Имам 6 дена до добивање. Се изнервирав, плачев, но мораше да направам нешто. И во секој ден од циклусот има шанси за бременост, зарем не?
Не, нема секогаш шанси за да останеш бремена па макар и три пати да свршил, не еднаш. Ама без да се осигураш и превентивно да испиеш толку јако апче што потоа може да ти направи хаос на хормоните не ми изгледа во ред. Извини што на цела мака и ние те искаравме, ама не си играјте со тие апчиња да не чукате глава покасно..
Секако дека не, свесна сум дека не е препорачливо да се користат повеќе од еднаш годишно, и дека имаат многу можни несакани ефекти. Веќе повеќе од година дена сум сексуално активна па немало никаков инцидент освен ете овој месец. Сепак ви благодарам за мислењата.
Здраво на сите Сакам да прашам. Имено, на 16 ноември требаше да добијам но бидејќи знае да ми доцни ден два не се возбудив. Во вторникот добив но кафеавкасто црвено кое ми траеше некој си нецел ден. Во средата имав блаааги менструални болки за да вчера одам на гинеколог и виде слузавост ккао за бременост и точка од неколку си мм во матка.. Напраив тест и се појавија 2 црти од кои едната беше бледа но видлива. Направив и во лабораторија преку крв, испадна позитивен и се јавив на докторката и ми кажа веднаш да пијам Фемибион 1 и Мg250 мг. Е сега потоа... Свекрва ми ми кажа да измерам базална темп. вагинално(инаку предходно не сум мерела) и утринава мерев и ми покажа 36.7. А како што сум читала за бременост треба да е над 37....инаку сеуште како по некој грч ме фаќа долу во стомакот... Може ли ваши искуства или едноставно да не се секирам и да и верувам на крвната анализа? Фала ви!
Имаш две црти, одлична крвна анализа и 'точка' во матка. Ај размисли уште еднаш. By the way, честитки и со лесно.
Утре ми е датум за добивање, се молам да не дојде, а грбот ме фати па ми се плаче од болка. И сега ни натака ни навака. Само далерон се напив, се друго ми е шубе оти не знам да не се фатило случајно. И ме масираше маж ми, морав со фастум оти не се издржуваше. Не ми се прави тест не знам дал ќе покаже точно, но ако не добијам во меѓу време сабајле еден ќе направам. Само да се две цртки, е тогаш ќе плачам и се ќе истрпам
Имаш повеќе од доволно докази дека си бремена, немој да се секираш. Уживкај си и чекај да слушнеш срценце.
Честито Ивче, бремена си и нема потреба сега тек да мериш температура. Тоа се прави за да го запознаеш циклусот, дали и кога отприлика имаш овулација, колку долго трае прва, колку втората фаза на циклусот и слично, за превенирање или планирање на бременост и ич не знам што и текнало на свекрва ти да те замара со ова сега кога си веќе бремена. Температурата за секоја жена е различна, дури и кај иста жена може да е различна за секој циклус и за секоја бременост и најарно е да го оставиш термометарот сега и да се радуваш.