Колку што сум информирана, нормален циклус трае меѓу 25 и 35 дена, се под и над тоа е индикација за проблем. Најдобро е да си отидеш на доктор за доцнењето, веројатно дисбаланс на хормоните е во прашање. Второ, после, макар и два дена нормално крварење а потоа кафеав исцедок, не верувам дека се работи за бременост, во бременост крварењето е загрижувачка состојба и е за на лекар. Ако сепак мислиш дека си, направи тест. Среќно!
Се имсм испитано и веќе 7 години имам таков менструален циклус. Меѓутоа мр плаши болката во градите бидејки прв пат ми ср јавива по менструација, а гледам дрка е нај ран симптоп за бременост. Сепак благодарам.
Така е, меѓу првите знаци за бременост е, но во случај ако не добиеш менструација. Каква таква, ти си добила и нема за што да се грижиш освен ако си во тие 0.1% жени што добиваат и покрај бременост.
За болката не би знаела да ти дадам совет од искуство, јас на пример никогаш во животот не сум почувствувала болка или подуеност на градите, ни пред, ни по менструација, па ни во бременост а ниту по раѓањето на син ми и навистина за тоа не знам ништо и затоа и ништо не спомнав, но веројатно не е страшно.
Да, точно. Само што во бременост не добиваат жените, дури ни тие 0,1%, за жал тоа е крварење кое треба да се спречи и да се открие каде е проблемот. Баш сега скоро читав за тоа, имаше одговор од гинеколог за некоја жена која тврдела дека има менструација во бременост.
Не ми се верува да си бремена, ама купи си тест за да бидеш сигурна. Искуство со болни гради по завршување на циклус немам.
Ми се има случено. Ми заврши циклусот и после 1 ден почнаа градите да ме болат и за 3 дена добив пак. Докторката се нашали рече вака да не се пазиш во вакви случаи можеш да забремениш со двојајчани близнаци.
Девојки сакам да прашам нешто. Дали после две недели од однос, доколку се случила бременост може да се види со вагинално ехо ембрионот? Добив обилна регуларна менструација после 2 дена од сексот кој притоа беше со кондом цело време (сите односи ми се со кондом), ама после завршување на циклусот ме болат гради а и долниот дел од стомакот. После менструацијата сум немала односи. Гинекологот ми кажа едниот јајник ми бил полицистички (сум имала голем број на фоликули), а најверојатно и поднастинати ми биле јајниците пошто ми биле зголемени па поради тоа сум имала болки, ама ме јади психата малце...
Чим си цело време со заштита немаш никакви шанси за бременост, од друга страна пак тоа шо го рекол докторот е поверојатно..
Не си бремена сигурно за тоа немој ич да мислиш. Јас сум со полицистични јајници (до душа јас сум ти баш школски пример за пцос синдром) и ако не ги оддржуваш јајниците ќе ти се случуваат многу необјасниви ствари како ова што ти се случило. Изненадно крварење, два пати менструација во ист месец, обилна или оскудна менструација, долга менструација (најдолгата менструација ми беше на 19год. два ипол месеци траеше) итн итн. Следно е косопад, па зголемена влакнавост по телото (иронија), темни кругови на препони и сл. Не ми е целта да те исплашам туку да те освестам поскоро да си одиш кај специјалист што се бави со оваа проблематика и да си почнеш со соодветна терапија. Секако можеш и ти сама да си помогнеш дополнително со правилна исхрана, физичка активност, суплементи и сл.
Здраво девојки имам едно прашање..купив тест за бременост ама не прочитав дека најдобро да се употреби кога ќе ти доцни еден ден.. го направив тестот и имам 2 црти ама едната е бледа... дали тоа значи рана бременост?