Многу се уплашив бидејќи ми се појавија симптоми веднаш откако ми заврши циклусот. Колку и да сум сигурна бидејќи све досега било со кондом а и плус добив нормална менструација од 5-6 дена, голема паничарка сум и илјада филмови си направив. Затоа - правец гинеколог. Иначе јас денес дознав дека сум имала такви јајници, а немам никакви симтоми. Секој месец добивам и освен тапи болки, немам никакви нелагодности. Сепак фала ти.
Дали мене плусот слабо ми се гледа една линија или така ми се чини ? Знам дека е малтретирање, ама подобро земи си уште 2 теста, и направи ги, и тоа не мора да бидат скапи, да одишна лекар секако ќе те врати бидејќи е рано да се види, освен преку крв. За да не му ја думаш толку..купи си уште два и направи ги, а на гинеколог секако закажи си дополнително
Оној што испадна позитивен беше евтин па сабајлево купив по скап и испадна негативен... се не знам што да мослам
Тоа скап ефтин нема многу врска. Тоа е маркетинг, сите тестови детектираат хормон во мокрача. Е сега бидејќи лажно позитивен не е можно, а лажно негативен е многу можно, јас мислам вториов не детектирал хормон бидејќи е рано, на првиот јако се гледа. Би те советувала преку крв да провериш, иако мислам дека за некој ден на било кој тест ќе ти покажува. Според мене бремена си. Не знам што друго би било објаснување за јасно позитивниот тест претходно.
Значи не ми се привидувало Земи се уште 2 и кулирај, еве провери и преку ден, не мора со утринска. Јас така направив ао првото. Првиот тест со утринска, па после отидов уште 3 докупив да видам што ќе покаже преку ден, мажот ми ме натера На останатите 3 покажа послаба боја. Ама сепак позитивни беа. А ти не ја забележуваш втората црта, или како што кажав ми се причинува ? Ако не утре пут под ноге..и преку крв испитај.
Да отидам дома убаво ќе го погледнам За два дена треба да добијам Се надевам дека си во право Ќе докупам ттестови преку понеделник ке одам крв да испитам
Што најдобро би покажало бременост? Правев тест пред два дена и двата теста негативни На 5ден доцнење ги направив Денес бев на гинеколог ме гледаше на ехо прво се посомнева изгледа па ми рече дека ке ме прегледа и вагинално Ме гледаше ми вели нема бременост сега а и нема никакви знаци дека ке добиеш Го прашав што понатаму рече ке чекаме Е сега незнам што да правам Симптоми немам никакви
Кога последен пат имаше односи? Знам дека си нетрпелива ама најдобро да почекаш. Мада ако ендометриумот не ти е здебелен, јас не би се надевала многу. Како и да, почекај уште некој ден, па прави тест или провери преку крв. Со среќа.
Тест за бременост, испитување преку крв, и да те провери гинеколог, друго нема. Или е ептен касно фатено, па не покажува на тест и на ехо, или на психичка база ти касни менструација. Ти реков Тестовите се секогаш најбрза опција, да не трчаш да испитуваш крв. Закажи си за преглед, а срцева акција очекувај од 7-ма недела ( ќе ти каже и гинекологот) и те чекаме во темата за трудници
Хмм..знаеш точно кога си имала слободен однос? Ако е после менс или за плодни денови тога мора да покаже дали си бремена, за пред оваа менс ако си имала ме сум сигурна, мене на денот кога требеше да добијам ми беше ептен обоен + ,потоа зедов уште еден кој покажува колку недели сум точно бремена ( не знам дали има Мк таков,провери во ДМ или аптека ) нема утка точно ми изброја. Провери преку крв ако се сомневаш, ако не си бремена тогаш или е промена на клима,стрес, инфекција или некое хормонско пореметивање во прашање сепак не чекај.
Здраво на сите. Јас и маж ми се обидуваме веќе 4 месеци... Од минатиот месец почнав да пијам едни витамини за таа намена и биле мн ефикасни за тие што се трудат да останат бремени. Имам редовен циклус и денеска е денот кога треба да ми дојде ама не се осеќам дека ќе дојде.. освен што вчера и завчера имав тапа болка во левиот јајник други симптоми како вообичаено немам. Знам дека тестот е најбрзото решение ама сакам да почекам ден или два па тогаш да направам, дотогаш некои искуства да се поделат со мене?! Ви благодарам на сите
Симптомите се исти како пред менст. ако мислиш за повраќање обично почнуваат после 6 недела. Ако си бремена и сега да направиш ќе ти покаже тестот не мора на прва мокрача се надеваме дека е позитивен па да ни се приклучиш во труднички муабети