Тебаше да добијам на 20ти,но сеуште ми доцни. Денеска направив тест sure check и покажа негативно. Инаку не сум спремна за трето дете. Последна мњнструација 24 ноември. Дали утре сабајле да напеавам др тест или не, незнам што да правам. Поздрав
Па ако секогаш точно ти доаѓа можеш да направиш утре пак.. или па почекај ден-два па ако не добиеш во меѓувреме направи пак
Девојки вчера имав незаштитен однос..Се тргна на време надвор сврши..Ама кога заминав дома бев во тоалет се избришав имаше нешто како бело со меурчиња..Тоа ме става во мисла сега... Не знам што е така..А спермата не е таква со меурчиња..А заборавив да кажам пред ден два ми заврши ако има врска во случајо
Девојки да прашам дали некоја од вас знае чисто информативно прашање. Дали може да се забремени кога ќе почнат пмс симптомите? Значи како што прочитав пишува дека пмс се појавуваат после овулација поради флуктации на хормоните.Ми треба мислење околу ова . позз
Може да се забремени во било кој период од месечниот циклус. Е сега шансите се различни во различен период.
ЈАС ЌЕ ПОЛУДАМ ВЕЌЕ! И менструација нормална имав 2 дена после односот, сите односи ми биле со кондом, на гинеколог бев, 16 дена после односот направив испитување на бета хцг и беше негативно <1.00 , имав овулација баш на средина ( имам исцедок растеглив како мрсул ден/два ) пред нареднава менструација шо треба да ми иде , ама пак и пак не можам да се смирам, на се ми иде паметов. Осеќам болка во долниот дел од стомакот, и најбитно ме болат градите можеби 3 недели (пред да го добијам циклусот) и после тоа периодично повторно. Не знам шо да правам веќе, се убив од пари раздавање ради мојава параноичност. Се мислам да направам уште еден тест.. ама стварно немам сила појше, само на ова размислувамм
И после се ова зашто мислиш дека си бремена??? Ниедна причина немаш за тоа. Те болел стомак - во овулација боли стомак, од запек боли стомак, од прелада. Не разбирам.
Напрај и увери се дека не си бремена. Господе Боже, имала менструација, заштитен однос, направила тестови разни и зато што ја болело стомак и градите мисли дека е бремена.. доста читаш симптоми на интернет олабави малце
Направи уште 15тина тестови, уште 5,6 пати оди на гинеколог и после веќе кога ке се осигураш дека не си трудна, не се впуштај во односи додека не се едуцираш за сексот и забременувањето Озбилно колку год имаш за вака да се потресуваш... Па и бета и се и пак се мислиш да не си трудна
Сега брзо напраив 20 и сум ептен кратко време сексуално активна. 2-3мес и затоа вака се потресувам. Цело време мислам на тоа дали бил океј кондомот, иако ако пукне се осеќа и ќе знаевме. Напраив бета после повеќе од две недели од односите, имав менсиз и пак не сум мирна, стомакот ме боли, градиве ме болат а и половината понекогаш. И мислам на се, се плашам. Незнам шо да праам, ако продолжам да сум вака уплашена како ли ќе продолжам со односи..
@Sarichkaaa после секој секс можеш да го проверуваш кондомот - ако не тече, нема зошто да паничиш. Едно што не се забременува така лесно и со незаштитени односи, а и со свршување не забременуваш одма, тек со кондом шансите се многу, многу мали. Ако сакаш, прашај за апчиња плус кондом, така шансите се ептен, ама ептен мали.
Не си бремена, како што ти кажа една членка и да имаш незаштитен однос ( ако го извади на време) не можиш лесно да забремениш, со кондом си заштитена ама доколку се плашиш нека го вади на време и со коHдом. Уживај во водење љубов и секогаш впуштај се во односи со некој кој му верваш. Нема потреба за паника, стомак и гради болат и пред да добиеш, кичма во бременост боли тек во крајните месеци и ако некогаш повраќаш не паничи одма не си бремена, мачнини добиваш тек после 5та недела, а тогаш веќе ќе знаеш дека ти доцни. Не е работа да чекаш секој месец со тестот во рака и провервиш дали си бремена, опушти се ама пази се, не е толку лесно како што си замислила. А апчиња не ти препорачувам.
Епа затоа и ги осеќаш тие промени, веќе си сексуално активна, хормоните друкше реагираат, нормално дека ке имаш промени, тазе ти е. Дури може и да се случи да ти подрани, закасни првите месеци, сепак е што се вика ново нешто во организмот... И си реагира. Не се потресувај, пазете си се, трудна не се останува така лесно, особено ако се пазите, користете кондоми, иако има кондом нека си се трга при свршување и нема шанса да останеш трудна така. Еве 2 деца имам, двете намерни бремености, 2 и 2м ми е второто и кондоми не користиме, па овие 2 и 2м трудна несакајќи не сум останала.
Девојки фала ви на советите, сваќам дека со самото тоа шо се измачувам само психички страдам и сум нерасположена. Ќе се потрудам да не мислам појше на ова, нема смисла. Инаку, разговарав со гинекологот за контрацепција, таа ми кажа дека можам слободно да земам али јас не сакам да се клукам со хормони. Ќе си користам кондоми, па ќе биде онака како шо треба да биде.
Направив уште еден тест негативен беше и во среда бев на гинеколог, ми рече да дојдамза 7 дена рано било ако имало нешто ќе се видело тогаш, инаку 24.11 ми беше последен циклус, значи ми касни 6 дена ибаку 34ден од последен циклус. Што да правам, да чекам или да направамуште еден тест утре, бремена сум или не?
Да редовен циклус имам, значи 2 теста негативни и сега се прашувсм дали е можно да се лажно негативни па за недела дена да се види на ехо