Незаштитени/заштитени односи имаше, сврши/не сврши во тебе?Ако е да, имаш големи шанси. Направи си тест, за секој случај. Спојлер освен ако не си имала односи пред 1 недела, недела и пол, во тој случај почекај
Сврши не се пазиме , па тука некаде недела ипол скоро 2 , несакам многу да се надевам предвреме и затоа ке почекам башка ме буни секретот си си мислам дека е знак за менструација ...
Штом веќе ти касни еден ден, направи тест, би требало да покаже. Шансите за бременост се големи, а секретот може да е имплантациско крварење
Јас само едно нешто не сфаќам. Абе како така лагано имате незаштитени односи и притоа ги оставате да свршуваат во вас, а не сте спремни за деца. Како се потресувам ако ми доцни иако сите односи ми се заштитени, не па вака ко вие шо прајте ќе се мрднам од памет. Ко веќе не сакате деца, користете кондоми!
Занес, страст, пијана работа... Има причини, за некои доволни за некои неразбирливи. Јас 'цел живот' сум со орална контрацепција, ни се случи еднаш така понесени од страст. Тој месец јас си знам низ што поминав, со каснење на мензис, стресови, тестови (иако заштитена ама психа нели). Не дека после не ни се повтори ама пак поопуштени бевме и во врска со дете. Не оправдувам во смисла после пак ние жените повеќе патиме со анти беби пилули, абортуси и сл. ама не е добро ни да се осудува. Како и да е, девојче за твое добро би било убаво да се заштитиш.
Ни на крај памет не ми е осудување, женски сме и ние си знајме низ шо врвиме ако ни закасни или имаме некои симптомчиња за бременост а имаме редовни односи. Повеќе патиме ние секако, го чекаме циклусот секој месец, стрес, секирации, па и се "труеме" со хормонски апчиња кои му прават шок на организмот. А за што? За машките да се празнат во нас? На нас паѓа цел товар, дали апчиња, дали абортус, ние сме секако осакатените повеќе. И зошто тогаш да не се заштитиме? Ниедно пијанство, ниедна занесеност не е вредна за последиците после тоа. Ете, и да се случи такво нешто, постои Норлево. Ама тоа ако се случи еднаш, ама свесно да оставаат да им се свршува внатре а не сакаат деца, ми е малце нон сенс.
Ако не грешам све што е над 5 е позитивно,и ќе следиш,ако се дуплира ок е,а ако опаѓа тогаш нема бременост.
Жал ми мила,ти посакувам што поскоро да закрепнеш и следниот пат со лесно до целта.И јас имав ваков случај и по менсруацијата ми се намали под 5.Не знам што те советувал матичниот гиниколог,но за да си мирна по добивање направи си контрола и ќе биде под 5.Секое добро
Здраво, неможам да спијам па реков да ви пишам, значи на 5 ноември имав менструација а потоа и во плодни денови имав незаштитени односи мада не сврши во мене, потоа на 2 декември ми дојде пак и еве сега ми касни неколку дена а ме мачи имам болки во јајниците како секојпат кога треба да ми дојде ама никако не доаѓа а плус и пупките ме болат а никогаш не ме болеле има ли шанси да сум бремена мислам колку се шансите да и не
Секако дека има шанси безразлика што се минимални ако не свршил во тебе.Земи тест направи штом ти доцни.Ние тука не можеме да знаеме.