Дали во рана бременост може да е покачен пролактинот,вчера го испитував ми беше 75,направив и тест ми покажа бледа линија
Јас веќе две утра по ред правам тест со сода бикарбона и урина и не запени...ќе чекам до вторник здравје да правам тест
И јас бев скептик но мислам дека има и тема за оваа метода,за која се вели дека е сигурна а поефтина варијанта. Секако тест отпосле се прави за сигурност. О Во првата утринска урина се става сода бикарбона. Ако запени , односно има реакција значи бременост,ако нема никаква реакција нема бременост. Јас сум нестрплива,два пати правев со sure check иако знам дека е рано. Па пробав и вака за да заштедам
Девојки, не се лажете со вакви работи. Дали содата ќе запени зависи само од киселоста на вашата урина, а тоа пак зависи од вашата исхрана! Хормонот за бременост не реагира на сода! И трудници правеле тест со сода па им излегувал негативен, ова само за доказ дека е глупост
Ее да си жива и здрава... и јас знам за овој тест и еднаш многу оддамна го направив и почна да пени и кренав ненормална паника кога тоа тестот после излезе негативен.. а пак сега трудна реков баш да направам да видам и овој пат замисли не пенеше
Правев тест утрово пошто треба да добијам за 2-3 испадна негативен. Поминаа 28 дена од ризичниот однос ( ејакулација внатре на прв ден од циклус ) И се после завршувањето на менструацијата до денес имам болки во долниот ден од стомакот сега почнаа и градите да ми се осетливи исто како пред да добијам имам ли место за паника ?
Не ми е јасно зошто се мачите и вака се оптоварувате, овде ако ви кажеме нема шанси да сте бремени или има шанси тоа не е релевантно. Секој си е индивидуален и никој на форум не може да ви каже точно што се случува. Не знам зошто вака прашувате и си погодувате дали може или не може да сте останале бремени. Демек овде откако некој ќе ви прогнозира ќе ви олесни.. Многу е едноставно. Ако сте имале незаштитен однос БИЛО КОГА има шанси за бременост. Немојте да рачунате плодни и неплодни денови по календари и апликации. Тоа е калкулација само, кај секого е различно. Плодни денови може да знаете само ако правите тестови за овулација или ако следите фоликули. Ако не сакате да останете бремени постои заштита. Едноставно е ќе си користите кондоми или ќе си одите на гинеколог ќе ви предложат друг начин на контрацепција. 21-ви век сме, од 17-18 години почнав со контрацептивни апчиња кога сметав дека не сум спремна за бременост. Не знам зошто има потреба да се комплицираат работите кога за оние што НЕ сакаат бременост е најлесно. Си користите заштита и сте си со мирна глава. Ако дојде до кинење кондом или друг пропуст како заборавање на пилула можете да се консултирате со гинеколог и да ве советува дали да пиете апче за ден потоа (ова во краен случај). На цел форум читам дека пиете како на шала Норлево и Ела и кои други не апчиња за итни случаи. Па или не сте информирани колку се штетни или знаете ама повторно ризикувате... И јас сум пиела Норлево знам како ми било страв и колку сум се тресела ,но затоа и постои овој вид контрацепција, се пие само при исклучителни случаи кога навистина има потреба и простор за паника. Имам другарки кои го пиеле само за да им олесни и за да не се мислат дали ќе им дојде или не. Имав и таков партнер кој никогаш не беше сигурен во себе и покрај заштитата се плашеше. Сум се плашела и јас. Ако веќе сакате да останете бремени малку е поинаку и се презема други мерки освен незаштитени односи. Далеку многу им е потешко на тие што се трудат да останат бремени и кај нив многу се побитни плодни и неплодни денови и други безброј околности..Еве јас пред да останам бремена си следев фоликули и мислев дека знам кога ми се плодни денови. Гинекологот ми ги пресмета според големината на фоликулите, но ете и тој згреши, баш тој месец имав задоцнета овулација. Така да не се оптеретувајте со календари и апликации. Сум била во двете ситуации. Сум се плашела од бременост, сум пиела контрацепција за да не треба да абортирам и да се плашам секој месец. Бев и во ситуација да сакам да останам бремена, а да не оди тоа толку лесно, па и јас пишував низ темиве прашував за совети, читав искуства,споредував симптоми. Но во никој случај не си спиев на едно уво и да чекав на календарите за овулација и апликациите да ми кажат кога да имам или немам односи.
Последен пат добив на 5ти овој месец, на 9ти или 10ти ми заврши. Три дена по завршување на циклусот сврши во мене, и сега на 17ти исто така, 2 дена пред овулација. Нестрплива сум да направам тест, а имам слушнато за некој што наводно бил точен да го направиш и една недела по незаштитен однос. Да не знаете кој е тој? Или да се стрпам до втори, тогаш треба да добијам.
Clear Blue ама ако ти покаже една црта не се разочарувај, стварно е рано. Да речеме дека на 17ти било успешно, јајце клетката е оплодена ама треба уште некој ден додека се закачи за ѕидот на матката, па да почне да го лачи хормонот... Стварно е многу рано, почекај барем 10 дена од односот ако толку си нестрплива.
Се сомневам дека сум бремена. Сврши надвор од мене, но и двајцата не сме сигурни да не капнало нешто внатре, бидејќи беше без заштита. Ризичниот однос беше на 15-ти и од тогаш се чувствувам чудно. Следниот ден чувствував нелагодност долу, како некое топче на отворот и постојано чувство дека нешто тече, но на долната облека ништо, додека пак вагината беше водена. Во текот на овие 10 дена, имам болки во долниот дел на стомакот и јајниците и понекогаш долен дел на грбот. Градите како поголеми, а сега вагината лачи бел/ бледо жолт густ леплив исцедок, ама без на долната облека да има траги, туку пак само при вагината. Долу при препони и стомак, чудни вибрации.Имам нагли промени во расположението, чувствувам дека нешто не е во ред со мене. Вчера, по 10 дена правев тест со крв, беше негативен, но лекарката ми рече да почекам до циклус. Јас толку не можам да чекам. Зедов тест за рана детекција, кога е најдобро да го направам. Планирам оваа недела и на гинеколог. Дали таму би можело да се утврди?