"Симптомиве" се ништо. Никаде не сум прочитала симптом на бременост, осеќам дека ми течи и после ништо на гаќите. Почекај уште некој ден. Најверојатно не си бремена пошо убаво ќе беше да се забременуваше така лесно.
@Mantub @lovely12 Хцг го пишува 2. Дали на гинеколог сега може нешто да се открие? Тестови земав Self clear, кога е најдобро да направам? Секој совет е добредојден, ви благодарам однапред.
Кога свршил надвор сигурно не си бремена. И јас пред неколку недели бев иста и тоа со ејакулација внатре се некој нов симптом имав како читав на интернет се ми се појавуваше, па еве добив. На психичка база ти е сето тоа.
Секоја вредност е под 5 е негативен, е сега можеш утре со утринска да направиш ама сепак е рано. Иако мислам дека нема бременост
Ви благодарам девојки. Едноставно морав да прашам, бидејќи не се чувствувам добро т.е првпат ми е вака откако сум сексуално активна и се ми започна од тој ден. За тестот ќе почекам уште една недела тогаш.
Dali posle 10dena ke pokaze rezultat na test za bremenost ne svrsi vo mene treba da dobiam za 2dena mislev da ne prsnalo vo mene nesto ali nemase nisto
Не треба да биде прекината линијата,на невалиден ми личи. А ако имаш уште 2 дена за добивање подобро со утринска урина направи го,зошто може да не покаже точно.
Се сомневам на бременост...Се породив пред 5 месеци со царски рез. Се уште немам добиено менструација. Пред 2 недели имавме заштитен однос со мм со кондом, но кондомот беше скинат што прв пат ни се случува..Дали има место за паника, после колку време да напрсвам тест зс бременост. И што доколку сум бремена? Гинекологот ми напомена година до година ипол не смеам да останам бремена. Совет?
Мислам дека не е ништо страшно, само ќе мораш и второто да го родиш со царски. Моја другарка породена со царски остана бремена кога малото и беше девет месеци и ја породија пак со царски и со второто баш од причина што немало година ипол растојание. И други жени знам исто со такви примери, не се секирај.
ова ми е два дена пред циклус , најевтиин тест и втора мокрача , 5 циклус кломифен без прегнил , значи не сум боцкана ношто овој месец , јас гледам бледа линија ама некако неможам да се израдуувам вака рано , не ми е верно .....
Здраво, да прашам. Нова сум на форумов, поточно сега се зачленив а одаамна ве следам. На 7-11 имав менструација од тогаш секој однос ни беше незаштитен со свршување во мене, буквално секој и во деновите на овулација сите денови. Вие 2-3 дена имам тапа болка во долниот дел на стомакот, градите ме болат многу и често одам во wc, треба да ми дојде на 3. но сум нестрплива да проверам бременост . Кога е најдобро да направам тест? Фала однапред.
Јас мерев со дигитален, наутро. Секогаш покажуваше 35,9 Пред да дознаам дека сум трудна, а веќе ми доцнеше беше 36,4 Мери од прв ден на циклус да видиш како се движи.