Да, можеш да имаш крварење во период кога треба да добиеш кога си трудна ама да разграничиме тоа НЕ Е менструација, плус многу се разликува од обична менструација, станува збор за светли точкички крв, необилно и трае пократко од вообичаено некаде 1-2 дена максимум, што значи ако си свесна веднаш се приметува дека нешто не е во ред. Тие симптоми ти се симптоми на пмс или во друг случај несакано пореметување од елла апчето па може да се деси и да ти доцни или порано да ти дојде. Внимателно со таквите апчиња, се дешава испаничена доколку завршил во тебе, разбирам меѓутоа труди се да ти е последно. И не паничи одма, свашта можеш да прочиташ по форумов.
Здраво девојки, во моментов сум во непријатна ситуација... пред некој ден имав нешто како кафеав исцедок т.е крв по еден ден имав пак крв ама светло розева и по две-три капки и на влошката имаше видна дамка од бледа крв во рок од 12h. Односи со партерот имам без заштита. Исто така менструацијата треба да дојде кај 6/7 февруари. Имам големи главоболки и мачнини во стомакот исто така и присуството на замор. Дали имам некаква инфекција или сум бремена? Извинете на долгиот пост. Поздрав.
Кога треба да добиеш? Ако имате односи без заштита секако постојат шанси да си бремена. Симптомите што ги кажуваш не се симптоми на инфекција.
Месецов на 6 веќе треба да имам добиено, бидејќи имам редовна менструација точно на истиот датум уназад една год. Исто така многу често мокрам од како ми се исподешава тоа со бледата крв.
По ова што го кажуваш инфекција не е сигурно. Бременост може да е но не мора да значи, сепак ти и твојот партнер треба да знаете дали пазите при тие незаштитени односи, дали применува твојот партнер coitus interruptis, дали има шанси нешто да му измакнало и сл. А се знае и дека при незаштитени односи доколку не сврши во тебе шансите се премали за забременување. Прво тест, па и да покаже ќе мораш ама и да не покаже ништо правец кај гинеколог.
Хаха не е воопшто остро срцка, разбирам паника и од свое искуство, само давам добронамерен совет, не може ништо да се заклучи само со тоа што имале незаштитен однос. Од таа паника и стрес ни се привидуваат сите симптоми, затоа треба трезно да си размисли дали има некаква шанса да останала трудна па после да превзема иницијативи.
Испаничена е, мене ми изгледа на настинка... ама со тестот ќе се осигура...ако инцидентно забременила тоа е среќичка
Прерано е и за крв и за гинеколог. Може да е бременост, може да е од овулација, а може и јака прелада. За мокрењето, кај мене беше зачестено и пред да добијам. Мој совет да почекаш барем до 6ти,па да правиш тестови, кај гинеколог нема потреба сега да идеш зашто нема што да ти каже. Те советувам да почекаш за посигурно, зашто може да покаже дека нема бременост, а да има. А имавте ли некој ризичен однос?
Веројатно си била во овулација, такво крварење како што го опишуваш може да се јави пред, после или за време на овулацијата и може да трае до 72 часа. Направи и тест за бременост, ама барем 12 дена по овулација.
Пишав веќе на темава, последно добив на 5ти јануари, 3 дена откако ми заврши сврши во мене, исто и на 17ти, односно два дена пред овулација и сега на 1ви, ден пред да треба да добијам. Не добив на 2ри, наредното сабајле направив тест, негативен беше, но еве уште немам добиено. Дали е можно да е лажно негативен, да го повторам пак утре или за неколку дена ако не добијам?
@SummerGirl И јас тоа мислам, многу време помина, јас за последниов пат на 1ви се мислам само, ама не верувам дека има нешто, еден ден пред добивање е.