Има 1000 други причини за доцнење на менструацијата, не мора да значи дека е бременост, но за мирна глава уште утре направи тест. Имаш напишано дека сакаш да ти помогнеме, а јас мислам дека најдобро е самата да си помогнеш така што или во иднина ќе користиш посигурен метод на контрацепција или ќе се помириш со фактот дека секој месец ќе се паничиш ако ти доцни.
Циклус до 36 дена не е каснење. Не може цел живот циклусот, симптомите, хормоните, телото да ти бидат исти. Важно е да си ги приметуваш тие промени и да се навикнуваш на нив. Може си била под стрес, настината или едноставно може ќе добиеш утре. Ако не добиеш за една недела најдобро е да си идеш на гинеколог, секако си сексуално активна и треба да имаш прегледи со брис на 6 месеци.
Има многу мали на форумов што се сексуално активни, самото прашање покажува дека е малолетна... овде некој се бори за 2црти а тие се уште не сфаќаат дека сексот е сериозна работа. Самата апстиненција, па и одложената ејакулација е причина за стерилитет подоцна...
Со секој незаштитен однос има шанси за бременост (мали се да ама сепак постојат). Како дозволувате да имате незаштитени односи и после секој месец у паники дали ќе добиете или не.. ако веќе сакаш да имаш секс без заштита ќе си прифатиш секакви можни последици ако не си спремен тогаш користи заштита! И да пак ќе кажам еве јас односот пред да останам бремена беше незаштитен (секогаш имам незаштитен однос со свршување надвор) па дали капнало или од предсемената не знам ама ете кај мене сврши надвор па еве ја терам 21ва недела. Не сакам да паничам тука ама да си знаете дека ШАНСИ СЕКОГАШ ПОСТОЈАТ КОГА НЕ СТЕ ЗАШТИТЕНИ
Баш така, а јас пак бев на следење на фоликули и 10 и 12 ден...и матичниот ми рече овој месец немаш овулација. Ми препиша кломифен за кога ќе добијам да почнам. И не добив забременив. Уште не знаеме кој ден и кога. Дури и матичниот се чудеше затоа што ме прегледуваше
Да жалосно, многу мали почнуваат со секс...а за абортуси веќе да не зборуваме. Пред некој ден ми пишуваше во лп девојче за дали е бремена а сега гледам совети дава за бременост... секако е овде анонимно, затоа со резерва прифаќајте совети
Јас знам точно кој ден имавме односи и изгледа тогаш ми беа плодни денови баш на апликацијата што си ја водам ми пишуваше и не обврнав баш внимание зотшто си викам јас не знам точно кога ми е овулација не па една апликација И оп денот кога требаше да добијам ми покажа многу бледа цртка А цело време имав некое чувство дека сум бремена ама баш мм се смееше ми збореше нема шанси со пазење беше а у и така
Да, рана бременост. Со прва мокрача е или не? Како и да е чим има 2ра црта, значи постои бременост, честитки