Нема. Замисли некоја сака да абортира и вие со честитки само дотурате чувства на вина кои можеби ги има.
Абе нема ден да не треснеш некоја глупост. Членката има пишано дека ќе го задржи бебето. А и кое чувство на вина и набивано? Ако таа сама не произнесе дали ќе го задржи или не треба да гледаме на гравчиња? Бог да чува сте. Приберете тоа носевите малку, не е ваша работа.
И ние викаме исто, да ги приберете носевите. Членката пиша дека ќе го задржи одкако испочеститавте. И муабетов не е за конкретната членка туку за трчање со честитки на слика со позитивен тест. И не не мораш да гледаш на гравчиња дали ќе го задржи или не. Не мораш воопшто да знаеш дали ќе го задржи или не пошо ич не е твоја работа. Нема никој обавеза тебе да те известува дали ќе го задржи или не
Едно не ми е јасно. Свесно свршуваат внатре и уште прашуваат дали се бремени??? Ова за поеднини членки се однесува. Едукација под итно.
И доктор да ти потврди бременост ќе ти каже честитки, па натака си е твое. Темата се вика 'Дали сум бремена?'. Што треба да прашаат? Да, и мене ми се крева косата од глупи прашања ама може дошла некоја 15 годишна да праша што нема поим како се зачнуваат деца. Е сега, тоа што нема сексуално воспитување во школите и што мајките дремат на телефон по цел ден наместо да разговараат со децата, па е сосема друга работа не се децата криви. Треба едукација и тоа како, па зашто ние постарите да не одговориме или објасниме на некое дете тука. Само да се мрчело за нешто.
Ама не е твое да навредуваш по форум. И 40 годишни остануваат бремени на толку пазење. Ко мали деца сте ко ќе се обидувате да изигравате паметни. Одговори ко човек и не запаѓај во несвест како можеле да не знаат
А ти мислиш дека на тинејџерите во пубертет кога им вријат хормоните гуглаат 'плодни денови' или 'менструација'? Не викам дека е во ред ама искрено ни јас на 15 год (годините ги земам како пример, и помали имаат односи) не сум знаела што е овулација. Сум пазела зашто мајка ми ми објаснила за што служат кондомите. Зрелоста доаѓа со годините.
А ти на се мора капаче да ставиш? Што треба??? Да ги поддржу Па треба малку едукација и од родителите. Ама не секој има време да му посвети внимание на своето дете. Не е прв пат да напишат дека им е страв да поразговараат со родителите.
Jas ostanav bez majkaa pred nekolku dena i toa na 20god i veruvajte tesko e koga nema so kogo da zborite i da se doveritee...
Немање време никако не смее да биде изговор. Секој има слободен саат барем 2 пати во годината да седне со детето и да разговара за секс. Ете тука сме и родители и деца, еден апел од мене да не чекате детето да ве праша туку родителите да си преземат иницијатива околу воспитувањето особено за машките деца. И мајка ми е олабавена за третата и најмала сестра, па затоа јас си разговарам со неа.
Баш ова е поентата. ------------------------- Немате појма колку можете да повредите некој што сака да абортира, ако честитате за непосакувана бременост. Мешање во туѓа приватност е. Булинг е. Едит: @Snowflake97 не се однесува на тебе постот, општо пишувам.
Dali moze da mi trae kratko mestruacijaga zaradi toa sto pred edna nedela donirav krv, dali toa ima nekakva vrska?
Луѓе оти претерувате? Досадно ви е па ајде да се караме за нешто. Ве разбирам, ама знаете дека честитањето за бременост е првична реакција и никој немал лоша намера. За на крај булинг да испадне. Навистина се претерува. Во ред е да се укажи на нешто, ама не на ваков начин со напаѓање. На крај краева форум е, сами решиле да споделат, што значи треба да очекуваат секакви коментари и мислења.
Стварно одите до крајност,зошто секаде двосмисленост да се бара,претежно членките што постираат тука позитивен тест се свесни и во повеќето случаи е посакувана бременот,оние што не се среќни позитивен тест не постираат тука,тие претежно се во темата Абортус,овие третите поставуваат прашања од типот не мочаше после однос па повторивме,дали сум бремена.
Баш така. Ако некој стави тест и пише: -Што значи тестов,НЕ сакам да сум бремена??! Тогаш не е за честитки,ама кога некој става слика со тест без образложение за тоа и може да се очекува некој да му честита,сепак става слика за мислење да добие..