Ја претера. Може на почеток имаше поента тоа што го напиша ама отиде предалеку. Обвинуваш за булинг некој што со најдобра намера честитал на позитивен тест без притоа да сака да повреди. Еве ти дефиниција за булинг: Bullying is the use of force, coercion, or threat, to abuse, aggressively dominate or intimidate.
Баш тоа е. coercion and/or abuse. Бидејќи не знаеш како се чувствува оној за кого е наменета 'честитката'. Размисли убаво. Стави се на место на некоја што непосакувано забременила и луѓе и' честитаат и ја тапшаат по рамо, кое само по себе значи дека бременоста и имањето дете е посакувано и добро, иако можеби, се' во тебе вришти дека не сакаш ни бременост, ни деца. Едит: Доколку е премногу 'метафизичка' логикава за некого, во ред е... Ве разбирам
Па може и до мене е зашто јас кога имам проблем гледам само да си го решам, а не да слушам луѓе од страна, секако дека не би ми било мило да ми честитаат во таква ситуација ама дека ќе се осетам bullied од честитка, дефинитивно не.
Внимавај како ги растеш твоите деца, и внимавај што за нив е булинг.. Тие ќе ти кажат што ги здоболело, не ти ним.
Мислам дека ова се однесува на мене. Па да појаснам, јас знам што е позитивен тест, но не бев сигурна дали е позитивен бидејќи втората цртичка беше многу бледа и не ми беше јасно.
Без разлика дали нејзината е посакувана, или не. Не можеш да знаеш чија е, и 'по навика' да честиташ.
Видете... Со инка не можам да ви турам. Ви кажувам да имате обзири, а вие како сакате. И не зборувам конкретно за Сноуфлејк, општ е муабетот. Не ни размислувате дека некого можете да повредите. Стварно е глупаво да се повторува човек по 50 пати.
Ве молам задржите се на конкретната тема. Доколку мислите дека е интересна тема на дискусија дали да се честита кога некој ќе сподели позитивен тест или вест за бременост слободно отворете нова тема, која ќе биде соодветна за тие разговори. Да не се полни тука оф топици.
Ај отвори ти... да не осмилувам уводни делови. Сумаризирај нешто од постовите што ги нашкрапав. Ако не ти е проблем...
Тешко не ми е, само идејата и замислата за истата е твоја. Не сум сигурна дека ќе успеам да ја доловам твојата поента.
Свашта!!! На позитивен тест се честитало?! Од каде ова правило? За некого тој тест е најголема радост, ама за друг ужас! Освен ако не сте 100% сигурни дека е посакувана бременост, во сите останати случаи е без осет да честитате. Исто како и во темана за абортус, за некого абортусот е спас, за друг ужас, ама и таму има паметувања!
Колку сте значи за никаде тоа е чудо едно,позитивен тест,ЧЕСТИТКИ БРЕМЕНА СИ,другото понатака е нејзина работа,сигурно некоја не мисли леле овие на фемина ми честитаа можеби треба да го задржам бебето.Пример и на некое натпреварување никој не отишол да освои второ место ама ете му честитаат...лупам,емоциите понатака се нивна работа.
Пред една недела имав заштитен однос,на кондомот имасе малку предсемена течност, момчето не сврши во мене, исто така имав и добиено 6 дена.. Но еве веќе неколку дена осеќам подуеност во стомакот кркорење на црева и имам бело прање.. Дали е можно да сум бремена?
Односот бил заштитен и немало свршување внатре, симптоми на бременост обично има по 7-8ма недела. Освен ако не пукнал кондомот, шанса да си бремена нема. За муабетот претходно, сериозно олабаветеја темава со што треба а што не треба и како само вие имате осет и чувства. Значи најсериозно, ако имате нешто да им кажете на тие што прашуваат дали се трудни ок, ако не сакате да честитате позитивен тест пак ок, олабавете од цепидлачење.
Права си! Значи јас сум женски род, па стварно ми се смачува понекогаш и сфаќам колку сме комплицирани. Тешко со нас мажите, навистина. Многу ја тупиме бре, мноогу.