А ако сакаш да си бремена, тогаш зашто едноставно не сврши внатре, туку се надеваш дека можеби би се фатило вака? Разговарај со дечкото за твоите желби и види дали сте на исто рамниште, а не на овој начин ''случајно'' да чекаш да бидне работата. Некако не ми изгледа дека и тој истото го посакува.
Она нигде не напиша дека не свршил во неа и првиот пат. Не си ги базирајте коментарите на претпоставки, не е ок.
@Bella_Stella Она напиша дека имале втор однос веднаш после првиот пат и прашува дали може да остане бремена. Нормално е дека така ќе се сфати, дека он не свршил во неа првиот пат, па она мисли дека може да остане бремена од тоа што останало во канал. Ако она има 30 години како што напиша, сувишно е да прашува дали може да остане бремена ако свршил во неа. Па и 16 години да има повторно е сувишно.
Можно е да има бременост а да не покажува на обичните тестови? Ми касни повеќе од 2 недели и два тестови негативни Секако имам термин кај матичен следната недела ама до тогаш притисокот 200
Не верувам.Не ти касни 2 дена па да се грешни Па што и да си, нема ли да испадне уште еден слаткиш како Могли и Тарзан А кога ги правеше тестовите?
Девојкиииии ние работиме на случајот. Вака, на 26.02; 27.02 незаштитени со свршување внатре. 1.03 03.03 исто така не заштитени со свршување внатре. Според апп која ја имам на телефонот плодни денови ми се од 1ви март месецов до 7ми, со тоа што на 6ти ми покажува овулација и висока шанса за бременост. Ме интересира следново. Се надевам нема да се смеете ми пука глава искрено и сакам што поскоро да видам две цртки, дали и кога можам да направам тест, со оглед на тоа дека датум за добивање ми е 20.03 (ЧИТАЈ НЕ ТРЕБА ДА ДОБИЈАМ). Дали можам пример таму после 8ми да направам тест што мислите би бил веродостоен? Ај сакам искуство, мислење од повеќе членки, само не сакам негативност, несакам осудување од типот не си информирана, информирана сум, но повеќе мислења добро би ми дошле. * Инаку со партнерот многу сакаме бебче, опуштени сме све океј.. Фала виии ве гушкаамм
Без искуство сум, но од секојдневно читање тука и информирање, би рекла да почекаш до датум на добивање (не добивање) па од тогаш да направиш тест. Пример еден ден ти касни па од тогаш да проверуваш. Сега мислам дека е сеуште рано да покаже тестот. Секако ќе пишат и поискусните од мене. Иначе ти посакувам успех и ако не биде сега ќе биде во иднина.
Тоа исчекувањето е најтешко. Гледај да го направиш барем 10 дена од односот ете после 8ми ама веројатноста е да биде негативен зашто е рано и затоа не се разочарувај. Знам дека еден тест би те смирил малку така да направи си. Ти посакувам две црти што поскоро.
Нема на што, сите сме го поминале тоа. Си ги осеќаш плодните денови? Имаш некои болки, секрет? Ако ти дава телото знаци ќе знаеш од прилика кога да направиш тест. Јас на пример забременив на 12ти ден од циклус ама тест направив многу покасно зашто мислев дека тешко ќе забременам. Деновите околу овулација немавме односи значи ептен на среќа ваљда биднало. И ден денеска не ми е јасно и на моменти не ми се верува
Со среќа .Само мал совет.За бебе не треба секој ден да имаш однос.Знаеш дека сперматузоидите треба да созреат 2-3дена.Правите пауза па пак. Има и тестови кој покажуваат порано пред да треба да добиеш.Прашај во аптека.
Веќе 3 дена осеќам некоја болка во кичма, јајникот лев ме боли, стомакот знае така на сец да ме заболи..Секрет нема боја нема мирис, лепливо што знам.. како да ти кажам искрено, по цели денови се осеќам како помочкана, иако си носам секојдневна улошка.. хаха не знам.. А псиихички ми е каша попара хахаа