Mi docni 2 dena. No, nemam nikakvi simptomi osven gradite mi se malku oteznati. Pred dva dena imav bolki vo stomakot, 1 saat taka i nisto povekje. Fala vi devojki! Ke go povtoram, pa ke vidime...
Направи уште еден утре сабајле, или задутре сабајле уште поубаво. Ма да 99% сигурна сум дека е позитивен
Повтори го за два дена од сабајле. И јас мислам дека си трудничка. Тестот ти е квалитетен. Ај со среќа и со лесно, ќе ти честитам пред време..
Vi blagodaram na site, zenski! Nedela ke povtoram pak, posto ovoj vo per popladne go napraviv. Sigurno za nekoi denovi ke doznaeme na sigurno dali sum.
Јас и мм за второво значи ко ненаситни имавме односи по неколку пати дневно. И одма фати од прва истиот месец. Не знам од кај ви ова дека не фаќало... @RumShtangla јас со ова второво правев тест 3 дена пред да добијам и беше негативен. Точно дента кога ми беше прв за добивање имаше два цртки. Ако видиш порано негативен не се разочарувај. Додека не дојде циклус има шанси за две.
Здраво Феминки, би сакала неколку совети од вас. Со партнерот размислуваме за правење бебче па би сакала насоки во однос на тој дел. По менструалниот циклус на колку дена се препорачува однос и дали 2-3 дена пред овулација како и на самиот ден е во ред или е пречесто? Исто така правев пап пред две недели каде гинекологот ми кажа дека имам инфекција а со кандида се борам веќе 5 години никако да ја излечам. Примав флуконазол 2 капсули и една доза макмирор. Секој совет е добредојден за овој период на обидување. Ви благодарам ❤️
Јас со кандида забременив. А за односи како си сакаш. Првиот пат имав односи секој втор ден.. А вториот пат фати од еднаш. Односно...само еден секс. На мене ми рекоа демек требало пред овулација да се паузира 3 дена.
Не секој знае кога му се плодни денови и не секој има плодни денови според книга. Може и јас имам застарени информации, ама верував на доктор, не ми текнало да гуглам. Не беше од систина докторот, а препораката беше иста како таа од @Ava.84- не секој ден, секој втор ден. Кој ќе издржи така-секој ден, па така со месеци на пример?
Кандида на пап излезе? Или на брис? Јас августот последно правев пап, на тоа ми излезе кандидата. Кога се јавив да прашам за терапија, сестрата прво ме праша дали се обидувам да забременам. Тогаш уште не се обидувавме така да не знам што врска би имала терапијата. Гинекологот не ми даде терапија бидејќи брисот ми беше чист, а симптоми никакви немав за кандида. Ма да мислам дека и во бременост доста жени ја имаат но не знам со каква терапија ја лечат. Што се однесува до забременувањето, од што имам читано, најдобро е пред овулација да имате односи на 2-3 дена и на денот на овулацијата. Спермата може да преживее во телото на жената до 3-5 дена, а јајце клетката живее 12-24 часа. Среќно во обидите
Женски , минатиот месец ми доцнеше 4 дена и добив првиот ден цел ден со секојдневна поминав само бледо розева крв, втор ден ништо само на бришење розево, трет ден малку по јака розева исто со секојдневна и толку беше , од тогаш никакви симптоми освен промена на расположение и еве сега неколку дена грчеви во јајниците, сега треба да добијам за 3 дена а немам никакви други симтоми за доаѓање. Месецов си имавме редовно односи како и секој друг се обидуваме за бебе подолго време .. Има ли шанси да сум бремена и покрај крвавењето минатиот месец иако беше оскудно а обично трае 5 дена стандард,цела сум прашалници помош и извинете за долгиот пост....
Секако постоел ризик но фала му на Бога не сум бремена сабајлево ми дојде изгледа и нашите предци знаеле нешто
Искрено, да бев на твое место со таква оскудна менструација, ќе одев на доктор, колку само да не седам во прашалници. Може било менструација, но се изреметила заради некои фактори како стрес, промена на клима..итн. А за бременост секако дека е можно. Чекај да ти задоцни и прави тест.
Од мое лично искуство може. Домашен тест имав позитивен со бледа линија (self clear), после 1 час направив преку крв испадна негативен. Еве ја бебка скоро 10 месеци е.