Женски би сакала да споделите дали некоја од вас испробала начин на тестирање бременост со сода бикарбона? Денес ми е 12ти ден од ,,ризичниот" однос,а тестовите обично покажуваат точен резултат после 14 дена или ден после задоцнување на менструацијата.Си помислив да не брзам со таков тест,а сепак сум возбудрна па пробав со тоа што сум слушнала од стари жени дека содата кога ќе се стави во сад со урина ако почне да врие или пени присутна е бременост. Еве како изгледаше чашката дури имаше и повеќе пена.Тест ќе направам за неколку дена,но дали некоја од вас се соочила со вакво нешто ве молам за искуства.И да не заборавам последниве недела дена јадам како никогаш да не сум видела храна,многу сум гладна и имам грчеви во стомакот проследени со многу воздух во стомакот и подуеност.Фала ви однапред и извинете на долгиот пост ❤
Не сакам да звучам грубо ама не се потпирај на ова, живи глупости се. Кога бев студентка толку се плашев од бременост што малце ако ми закасни трчав по тест и еднаш го пробав ова пенеше што да ти кажам. Нема врска. И со другарки што сум зборела исто. Подобро купи си тест ако немаш трпение, може ќе ти покаже. Или можеш да си купиш 2 теста, еден поевтин и еден поскап. Направи го едниот уште одма ако не ти се чека, а другиот на 1 ден каснење. Да си видиш тоа што посакуваш.
Нема да покаже. Дека рече 12ти ден од однос претпоставив дека за некој ден треба да добиеш. Мада може да покаже 14 дена од однос. Само не се разочарувај ако испадне предвреме негативен.
Na 27mi beshe ploden den-na 1vi beshe ovulacija(greshka vo chekori,ne e ovulacija na 4ti tuku na 1vi april)
Секако дека е можно да си бремена, само помали се шансите зашто тој однос на 27ми март е далеку од овулација. Едит: Сега гледам дека си едитирала. Почекај си го барем денот за добивање за да правиш тест, ако ептен не се издржува направи и порано 2-3 дена.
Овулација ако ти била на 4ти мислиш спермата да преживеала 8 дена? Не ми се верува. Ако ти била овулација на 4ти, кон 15ти, 16ти ќе ти покаже на тест ако си трудна, денес нема шанси. Особено не со НЕ прва урина.
Како што ти викаат и другите само тест од аптека мене ми покажа позитивно на дента кога требаше да добијам. Ден пред датата ми покажа негативно..така што најдобрп да чекаш 1 ден доцнење. Дури после 1 месец бременост почна да ми се јаде и да имам апетит иако е индивидуално сепак би ти препорачала да не се заморуваш барајќи симптоми бидејќи јас се што читав на нет како затемнети ареоли околу брадавици лошење гадење се ми се појави после 1 месец затоа ти предлагам да се стрпиш јас ептен се замарав секој месец а не требало ти посакувам среќа
Здраво феминки Јас сум нова на форумов,па би сакала да слушнам ваши мислења и искуства Со мм се обидуваме подолго време за бебе,но без успешно е Добивам редовно менструација 26-28 дена..последна ми беше на 22 март а овулација на 3 Април..имавме односи на 1 март,3ти и 4ти..дента на овулацијата имав огромни болки кај јајниците..од тој ден па навака осеќам огромна болка во градите,грчеви,промена на расположение,повеќе нервоза чувствувам,навечер не можам да спијам,по често имам киселини,одеднаш чувствувам глад но кога ќе почнам да јадам како тешко да ми паѓа од јадењето,чувствувам и подуеност кај стомакот дури и надворешно како подуен да ми е..според календарот треба да добијам за 9 дена..дали е рано да ги чувствувам овие симптоми доколку сум бремена?И кога е нај соодветно за тест,дали ако ми задоцни? до сите Пишав и во друга тема ама не добив мислења..
Мила за симптоми кај секој е различно. Некои од симптомите што си ги навела се јавууваат во рана бременост а за некој е прерано. Како и да е не се преоптеретувај со симптоми, почекај 1 ден да ти касни и направи тест. Порано може да ти покаже само лажно негативен тест и дополнително да се стресираш
Симптомите се од покачениот прогестерон после овулација, ако настанало оплодување тек треба да дојде до имплантација. Те разбираме дека си нестрплива, оти сите го правиме истото и бараме симптоми предвреме, ама само тест ќе ти каже дали си бремена или не. Почекај до другиот вторник, среда и тогаш направи .
Во право си мила, само мислам на тоа и се оптоварувам со истото, ми останува да почекам, ќе те послушам