Веќе ти одговориле се што треба, јас само да надополнам дека мене градите многу ми тежеа и многу бев нервозна уште неколку дена пред да добијам. Скоро исто како за добивање. Сите други симптоми како гадење, промена на апетит и слично доаѓаат после 6та недела. Дури градите во втор месец ме болеа и од маицата што ќе се допрат, прслук немаше шанса да ставам.
Фала @Jana06 за советот..сепак изгледа е уште рано за се..кој ќе чекаа Ти кој месец си сега,како ти оди бременоста?
Влегов во 9ти,сега чекам Во принцип, се околу бебе е чекање. Прво чекаш менструации и овулации, па тестови, па прв преглед, срцева акција, па чекаш мачнините да поминат, скрининзи, лаборатории.... Додека дојде беба ехеее Релативно лесно ја поминав бременоста освен првите 3 месеци што никогаш нема да ги заборавам и сега на крај кога секој ден имаме нова 'топка' за шутирање: желудник, ребро, бешика итн. Ама слатки болки се. Си се изнакажав Ајде и тебе ти ги посакувам двете црти што поскоро и пријави се во Труднички муабети
Аии супер, значи за брзо доаѓа бебчето ако си се изнакажа, баш убаво што се ми опиша, се радувам да слушам вакви позитивни работи со лесно до самиот крај и фала за посакувањето, Едвај чекам и јас едно бебче па да се читаме во труднички
Здраво Во понеделникот бев на гинеколог,ми направија тест за бременост,бидејќи не се гледаше ништо на вагинално ехо.Тестот имаше бледа втора линија .А претходно имав кафеав исцедок околу два дена.Направив бета ХЦг ми беше 77,9,после два дена,т.е денес повторно бета ХЦг 70,5.Не треба да паѓа ХЦг.Бев со резз кај матичната ме гледаше,рече на ум ја земам и вонматеричната бременост,сепак вели дека не гледа такво нешто.Во матката нема ништо.Дали е рана бременост или нешто друго страшно,ке чекам до петок повторно да проверам бета ХЦг. Дајте ве молам ваше мислење или искуства.Трески ме тресат!!!!
Денес не беше толку сигурна докторката као демек првен видов нешто во матката ама не сакам пред време да кажам со сигрност. Иначе претходно пиев кломифен и примив прегнил инекција.Прв месец ми е ова. А пред година и некој месец имав спонтан. Депресија ме фаќа уште сега мислам ,ако треба пак низ истото да минам ....
Извинете,читав ама пак не ми е јасно,таа биохемиска бременост се прекинува сама од себе,не се прави киретажа?
Тестов е правен 12 ден од ризичен однос,дали покажува скоро две линии или ми се причинува дека е рано до период.?
Честитки, бремена си. Кај мене беше исто вака. Ако го повториш за 3-4 дена ќе биде мн појасна втората линија.
Многу рано ти појавило. Не го повторувај тогаш порано од моментот на доцнење. Бар прв ден нека доцни .