Јас имав биохемиска и сепак ми правеа киретажа..имаше само гестациска кеса и ништо повеќе. Ниту со инекции стимулации за згрчување на матка не се исчисти, па мораше киретажа
Твојот случај не било биохемиска бременост. Биохемиската бременост се детектира со тест за бременост преку урина или преку крв, но вредноста на хцг-то опаѓа пред бременоста да може да се види на ултразвук. Кај тебе се видело гестациска кеса, но без плод. Missed abortion мислам беше конкретниот термин.
Точно така. Биохемиска не се гледа на ултразвук. Тој е правиот израз, missed abortion, кога нема плод, само плацента.
Кај мене не се гледа на ехо ништо само преку тест за бременост и преку крвта испитување бета ХЦГ покажа бременост..Синоќа касно имав повеќе крварење како менструација ,сабајле пак така по некоа капка и како мали грутки крв.И се јавив на матичната ми рече утре да одам да ме виде на ехо убаво пак,да не случајно не се исчистило сето,ако не е -киретажа. П.С-Недај боже да треба киретажа ,знае ли некој дали може сега да се закаже во Систина термин за киретажа,со огледа на ситуацијата?
Извини ако грешно те испаничив, ама и мене тогаш ми рекоа биохемиска..може Др. нешо се помеша И не се плаши и да треба киретажа бар ќе си сигурна дека е се исчистено. Многу жени што немаат редовен циклус не ни знаат.
Јас еднаш сум правена киретажа,и тогаш се водеше како мissed abortion,ама се гледаше и плод.Мене ми е во мисла да не остава последици сега и втора киретажа,сепак те гребат...(каков паничар сум-ИЗВИНЕТЕЕЕ)
Јас два пати. Првиот ми го водат биохемиска не знам зошто, а втората миссед. Се гребе ама и се обновува, секако ако е добро направено. Те разбирам, ама еве ти една гооолема позитива од 6 месеци )) и тоа после 2 месеци од киретажа останав бремена и се си е во ред.
Јас ова што ќе го пишам знам звучи преглупо, ама морам негде да кажам, и некој да ме утеши да не се глупирам многу. Значи пред повеќе од месец дена ми беше последниот однос, можно е да имало предсемена само, и беше баш на плоден ден. После тоа добив мислам дека најнормално 4 дена на датата на која очекував, имав ПМС, исчезна со доаѓањето на менс., ... ама од толку читање за обилно крварење во рана бременост, немање симптоми, ми се помати умот скроз. Еве денес цел ден нешто ми се гади. Баш сум избезумена, да не беше ситуацијава жими сѐ ќе отидев на ехо само да се смирам. Значи прашањето ми е ДАЛИ може да си трудна и покрај обилно крварење со силни болки, без симптоми (или симптоми кои си отишле по крварењето)? Знам дека можеби ви е смешно и знам дека сум за ќотек ама страв ми е.
Може ли да споделиш кој тест е ова? Го има ли кај нас..мене лажно негативен ми даде ден пред задоцнување од surecheck .. и Честитки се гледа убаво две II вакви беа на мо Ако ти е толку дтрав зашто тест не си напрајш? Ако веќе датата ти е помината од менструација ќе ти даде сигурно точен резултат. Лажно позитивен тест не постои бар ќе си изладиш глава иако мислам и јас дека нема шанси за бременост но тестот ти е најсигурно дури во твојов случај можеш во било кое време од ден да го правиш
Пак јассс. Бев денес на ехо и Д-р рече дека не е празна матката,т.е не се исчистила со крварењето што го имав претходно,па ми рече со капки да пробаме првен ако има шанси да се среде ако не киретажа пак.Ми даде Метилергометрин капки 3 х 15 капки и Цитерал таблети.Ми рече дека ќе крварам,јас овие ги примив кога имав абортус ,после абортусот пиев да ми сопре крварењето.Ме интересира да не ми дала грешка капки или што е проблемот?
Тоа е тотален мит. Ако е киретажата направена како што треба нема врска дали ти е прва или десетта. Ако се јави компликација тоа не е заради тоа што е прва.
Таман е терапијата. Капките ќе предизвикаат матката да се контрахира и да исфрли што има заостанато. Да знаеш само дека не мора да одиш на ехо, по крварењето направи си тест, ако е негативен значи сé е исфрлено и чисто.
Здраво дами знам дека прашањето ми е за во друга тема но таму не одговараат Денеска требаше да добијам но цел дел од 2ч ниедна дамка на влошката а имам во матката. Дали неможе веднаш да пробие обилно крварење? фала дами Заборавив да пишам денеска и вчера пиев тајлолхот за прелада