Честитки до сите Јас имам прашање. Последна менструација 10 март, вчера правев тест али мислам е невалиден многу шарено изглезе еве го : Сабајлево го фатив да го фрлам и беше сменет незнам како : Сепак, ќе го повторам како и да е. Инаку, ми касни веќе 3-4 дена според календарот. Симптоми имам неколку, секојдневно гадење и лошење, градиве неможам да ги допрам од болка, расположение хаос, болки и грчеви во маткава како да во секој момент ќе добијам и неможам ништо да јадам освен овошје.. Мислење?
Не те сфатив тестов ти е правен вчера па сабајлево го виде пак? Инаку првата слика чим има контролна линија е валиден дефинитивно..Тестовите не се валидни после одредено време мислам беше 14 или 30 мин. Најдобро е да повториш. Ако ти доцни 3 4 дена ќе ти покаже точно во било кое време од денот можеш одма да земеш со среќа
Тестот после 10 минути не е валиден. Се појавуваат евапорациски линии, од испарувањето на мокрачата. @Beauchamp повтори си пак секако, вака не си на сигурно.
Не се потпирај на вторава слика,и мене еднаш ми каснеше,другиот ден беше ваков тестот ,таман се израдував добив. Не е за џабе пишано во упатството одреденото време за гледање. Повтири го уште еднаш со утринска мокрача. Со среќа
Си имала биохемиска бременост затоа така,не е до тестот,мене ми се случи сега со инвитрото така,5 дена бледи линии,бета позитивна ама ниска и почна да опаѓа,ова е втора линија,евапорциската не е ваква,таа е претежно сивкаста и како сенка,не е во иста боја со контролната
читав една статија за евапорациски лини , зашто еве мене три месеци по ред ми се појавуваат бледи линии во 10- 15 дена доцнење на циклус и после ми доаѓа , значи тестот е дизајниран да кога течноста од мокрачата помине низ лентата доколку има над 15 и 20 iu/l да ги детектира молекулите и да ја обои тест линијата , доклку постои и најмала вредност ХЦГ во мокрачата ќе ја детектира и ќе ја обои тест линијата , благо позитивен со нијанса розево или нај бледа линија е индикација за бременост , ако после пола саат или после еден ден се покаже безбојна линија во тој случај е евапорациска линија , кај мене со различни тестови различни фабрики по 5 теста направени секој месец и ептен благи линии излегуваат 3 биохемиски месец за месец ,потврдено и минатиот месец со мала гестациска врекичка во матката , затоа после ваков тест за два дена правиме одма нов тест со надеж дека ќе биде поизразена линијата .
Многу добро знам што е биохемиска, кога го направив тестот одма се покажа бледа втора линија,ама за жал по 12-13 дена добив. Ваква линија после 24 часа не е валидно да се гледа. Тестот се гледа од 3 до 5 мин,во зависност од производителот.