Кога ќе требаше да добијам, почнуваше да ме боли стомакот и истиот ден добивав. Кога останав трудна неколку дена така ме болеше по минутка и исчезнуваа, повеќе пати во денот, а тоа никогаш не ми се случило. Заради тоа дури и некако сигурна бев без тест да направам Тоа е најверојатно дека тогаш почнува да се шири матката, тие болки може да ги имаш низ цело прво тромесечие, само што стануваат сè поретки по 6та, 7 недела. Така барем беше кај менe.
јас требаше да добијам на 18 овај месец с болките почна на 16 така константно и сеуште траат минутка и исчезнува исто буквално сега веќе ми касни 3 дена и секој пола сат мислам ќе добијам со болките ама исчезнуваат
Истите симптоми ги имав и јас, скроз.Направив тест на денот кога не требаше да добијам и испадна позитивен. Земи направи тест и извести нѐ.
дај боже се молам верувајте имам преголема желба и сега онака како возбудена сум како стомакот да ми е згрчен хаха
Исто и јас имав кафеав исцедок и бледо розева крв скоро 5 дена, цело време очекував да ми дојде, но после 7 дена доцнење и само така кафеаво купив тест и позитивен беше. Нека не те загрижува тоа нормално е.
девојки дали е нормално денеска 2-3 пати со силни болки имам и дури од болка се потам доле во јајниците , а ми касни како што кажав периодично ме боли не цело време ПАНИЧАРКА СУМ
Здраво , сакав да побарам совет. Претходниот месец имав менструација на 2ри потоа на 1 април сврши во мене и не добив на 9ти повторно сврши а на 14 добив, но ми траеше само крток период околу три дена. А почува и да ми се гади од се. Дали е можно да сум бремена и покрај тоа што имав менструација?
Леле, прво, немој да паничиш. Те молам или направи тест или јави се на доктор ако мислиш дека ти се случува нешто загрижувачко. Ние не можеме да знаеме што ти се случува и би било неодговорно од нас да тврдиме дека некоја болка е нормална. Најверојатно се ти е нормално. Ама ако ти се случува нешто за кое мислиш дека не ти се случувало досега, јави се на доктор. Мене и премногу да ме боли пред добивање знам дали е нормално или не пошо си знам каква менструација имам. И без паники, се ќе биде во ред
Мислам дека нема шанси за бременост ако си добила. Не сум сигурна дали е можно толку бргу да почне да ти се гади. Направи си тест 2 недели после однос
Знам дека пробуваш ама ние неможеме да знаеме дали некоја болка конкретно кај тебе е нормална или не. Некои ги боли многу, некои не осеќаат ништо. Прво направи си тест, после слушни се со доктор