Честитки до сите со позитивни тестови, да си имате лесна бременост! Многу убава станува темава последниве недела дена! Рај за очи!
Лелееее да си цвета темава вака секогаш. Девојки лесна и најубава бременост да си имате Тие што си чекаме нај брзо да си видиме две цртички. Ве гушкам и ве обожавам да си знаете
честиткиии и од мене , ситееее да си дочекате 2 цртки жар црвении !!! само да ви кажам дека бев на гениколог не се гледа сеуште ништо и треба да одам наредната недела у мегу време уште еден тест испадна позитивен
Бледо нешто потенко и од конец барем очиве мои така гледаат Кога ти е направен? За некој ден повтори си пак
Tи доцни ли? Да не го правиш прерано? Јас не гледам ништо плус, ама во живо ти гледаш друго, слика е друго поготово кога е мн бледа линијата... Ако сумњаш дека има уште една, повтори го за некој ден.
Фала ви многу а брз одговор Денес го правев, ама изгледа прерано зашо уште не ми касни, ај за некој ден ќе издржам, не правам, па ќе пишам пак тука. Се надевам ќе биде конкретно
Здраво на сите! Нова сум на форумот, па се надевам на пријатна дружба со сите вас! Тазе сум мажена, но за бебе веќе пробуваме и до сега без успех.. Овој месец ми се случуваат некои чудни работи (треба да добијам за недела од сега), како на пр: страшно болни гради и брадавици, не можам да ги допрам.. Вртоглавица почесто од сабајле, страшен апетит а кога ќе седнам да јадам брзо се заситувам, и боцкања во долниот дел на стомакот, по минута две неколку пати во денот.. Да напоменам дека левиот јајник до пред неколку дена исто така ме боцкаше.. Пред некој ден кај мајка ми на гости кујната ми мирисаше на риба а она печела компир во рерна... Кај тетка ми на тераса ми мирисаше на крофни а она пржела тиквици...   Можеби е смешно но кучето за прв пат вчера главата ми ја стави на стомакот и така спиеше.. Знам дека е релативно рано за тест, но според вас што би можело да биде? Зад себе имам еден спонтан пред некоја година.. Извинете за долгиот пост!