Прочитај на нет како функционира циклусот кај жената. Ако ти завршила менструацијата пред една недела, значи дека си точно на средина од циклус и најверојатно имаш овулација како што ти кажал и гинекологот, па на тоа се должи исцедокот. Чим се сомневаш на бременост значи си имала незаштитени односни, ама и да си имала рана овулација по некоја случајност, нема теоретски шанси уште сега да имаш било какви симптоми.
Да и од како се породив хормоните можеби не ми се во ред да испитам па ќе видам за некој ден ... би требало да не е бременост рано ми е за уште една,досега не ми се десило вака секогаш ми е добра ...
Што може да значи зголемена сензитивност на брадавиците? Или не мора да значи ништо? Знам во овулација дека е нормално но јас овулирав на трети овој месец така што помината ми е. Дали ви се има случено? Дали можеби е знак на бременост? Или само подолг/подранет пмс?
Добар показател дека имало овулација. Сум го имала веднаш по овулација, недела дена по овулација, пред да добијам, пред позитивен тест. Значи за сé си во право или ништо не значи, или бременост или долг ПМС. Само тест за 5-6 дена ќе ја реши дилемава.