Јас мислам дека ја јаде психата бидејќи не е сигурна дали му се испуштило малку во неа(намерно или ненамерно) А кога се случи ризичниов однос?
да не сум баш сигурна, денеска околу 13:30-14:00. сакам да земам апче ама и ми кажаа дека и од него има последици како мачнина, повраќање и пореметување на менцтурацијата. Незнам што да правам
Види вака, сега искрено да ти кажам нешто. Проблемов ти е поголем отколку земање на едно апче. Немаш доверба во него што е многу лошо за врската. Како ќе продолжите понатаму? Дали секогаш кога ќе имате односи потоа ќе зимаш апче за недајБоже да не му се испуштило? Па и ако не му веруваш ни со кондом не можеш да му веруваш. Маж ако сака да те забремени ќе најде начин. Убаво размисли што и како понатаму или разговарај со него. Можеби и он сака некој ден дете, ама не е тоа сега, па се плашиш за ништо. ЗБори со него па види какви му се гледиштата па потоа одлучи за апчето. Прв пат ти било и одма ли со апчиња да почнеш? И да, не се играчка апчињата, не се бонбончиња па да се голтаат. Зборувај со него прво, па одлучи потоа.
Зборував, ми вика немој апчиња да си земала, не можи така да правиш по секој однос, ако требало нешто да се случи ќе се случи колку и да внимавам. А сега демек пазел многу...барем така ми рече, а јас пошто сум немала досега неможам да бидам сигурна дали му се испуштило или не... Ако сум сакала толку да земам апче рече земи не се лутам јас, ама ти препорачувам да не земаш...Досега не се случило ништо да ме излажал, ама за ова не можам да бидам 100% сигурна плус најплодни денови ми се...така да немам поим ....
Ова е нормален страв што го имаат сите што имале незаштитен секс...Да не му се испуштило малку, од пресемената течност да не ме 'фати', па кога се ближат деновите за менструација тогаш е вистински хаос...ми доцни пола ден, еден ден, ден и три часа...лелееее трудна сум сто посто Ако ти е страв натерај го да користи кондоми или ти пиј си контрацептивни апчиња...
за друг пат секако дека ќе го натерам, ама стравот што го чувствувам сега ....мислиш дека нема ништо да се случи? [/quote]Најсигурно ти е 2 недели после односот, т.е. ако веќе ти касни.[/quote] по 2 недели не помагаат ни апчиња ни ништо...дилемата ми е дали да земам сега апче или не... Редактирано од модератор:Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај.
Jaс во последниве три години имам двапати земено такво апче, ама баш ништо не ми се случи. И циклусот ми остана редовен, и немав никакви несакани последици.
ок фала многу, ќе земам нема друг излез, можда ништо нема да се случи ама барем ќе спијам мирно...утре нема да биде касно така?
јас ти велам најдобро е апче да си земеш овај пат...а за друг пат...зошто едноставно кондом не си користите побогу ? или барем контрацептивни таблети, немаат штетни последици како овие апчињата за ден потоа. А вака ако продолжите со незаштитен однос, секојпат ќе се грижиш да не случајно му се испуштило. И многу незрело од негова страна е што рекол ако треба нешто да се случи ќе се случи колку и да се внимава...
Абе мене ми изгледа како дечково да не сака со кондом. Штом и со претходните било без кондом... Тешко и дека ќе го натера. Сега и да испие апче, следниот пат пак ќе си ја чука главата...
епа штом не сака со кондом, нема ни секс. Јас така би постапила или па до толку ако е работата, како што спомнав погоре, може да си земе контацептивни таблетки тие најдобро штитат од несакана бременост.
овие за ден потоа толку штетни последици имаат??? не сака, вчера зборувавме за тоа и ми вика јас никогаш не сум користел, досега ништо не се случило ете. Се двоумам за апчињата дали да земам или не...
А зошто да земеш од апчињата? Следниот пат кога ќе имате односи пак ли ќе земеш? Зошто очигледно пак ќе биде без кондом. Си размислувала ли да одиш на гинеколог и да видиш за контрацептивни таблети? Бидејќи ако не сакаш дете мораш некако сама да се заштитиш.
сакам да земам бидејќи не сум сигурна... а за следен пат не мислам да земам, нема шанси или ќе користи кондом или нема секс...