Како не ми текна уште вчера да си пишам тука, ќе пукнев уште малце, ем од радост ем од мака што немам кажано на никој. Некако не ми е доволно сами ние двајца како будали да си потскокнуваме низ домот Мило ми е што сега гледам и една убава страна на форумов.
Јас навистина не сакам да те испаничам,но исто така и мене ми се случи. Обично имам долга менструација 6-7 дена,а кога ми дојде ми траеше исто како што опиша ти и мислев дека се е во ред,но наредниот месец по желба на тогашниот дечко,а сегашен сопруг, направив тест за бременост уште пред да ми задоцни,а ги имав сите симптоми како пред доаѓање болка во долниот дел на стомакот и во бубрезите, но сепак тестот беше позитивен. Не ми е намерата да те исплашам, но сакав да го споделам моето искуство со тебе.
Но, дали твојот сопруг имаше свршено во тебе? И имавте ли нови односи после твојата менструација? Бидејќи мене ми е страв од предсемената течност и јас направив тест но излезе негативен. Сепак се мислам уште еден да направам за неколку дена, бидејќи тој вчера што го направив беше после 15 дена од односот и мислам да не сум го рано направила...
Инаку, јас и вчера и денес имав многу малку кафеаво крварење ама малку.. Не знам навистина што да правам.....
Имавме ризичен однос, заборавив да напоменам Јас исто така направив порано тест и излезе негативен после менструацијата, дури наредниот месец уште пред да ми задоцни покажа позитивен, но доколку твојот партнер е сигурен дека не свршил во тебе, немаш гајле не си бремена. Секое добро.
Здраво девојки! Имаме незаштитен однос со дечко ми и тој и јас сме прилично сигурни дека секогаш ејакулира надвор, бидејќи не сме спремни за бебе. Меѓутоа ми доцни веќе 12 дена и денес направив тест кој е негативен. На тестот во упатството пишува и дека еден ден по доцнење на циклусот може да покаже бременост, а мене ми доцни веќе 12. Меѓутоа некако пак не сум мирна и ми е страв. П.с последниов месец ми беше доста стресен и последната година имам покачено доста килограми, па се тешам. Ваше мислење? Дали е можно да сум бремена а тестот да е лажно негативен? Планирам да закажам и на гинеколог, но не знам дали примаат поради вирусот.
Па искрено не знам ни сама, знам дека дебилно звучи. 6 години сме веќе заедно и скоро секогаш имаме незаштитен однос.
Ме инетересира дали некоја имала слично искуство. Се обидуваме со мм за бебе, за 4 ден треба да добијам, утрово правев тест за рано отлривање, некој турски бренд беше од виола аптеки...и после 5 мин немаше ништо, ама после некоја мин имаше мнооогу бледа втора црта едвај видлива. Значи во упатството пишуваше дека после 10 мин д ме се чита резултатот,ама ова беше баш десетата минута. После два саати имавме односи со мм, и кога завршивме имаше н него свежа крв, а и јас на бришење. Ставив улошка си викам добив порано, ама сега само неколку капки бледа крв имам и толку. Не знам што ов би можело да значи, ве молам ако имала некоја сличнп искуство да ми пише. Фала ви, поздрав
6 години се заедно, сигурно нема кламидија да закачи. Ако се појави инфекција како кандида ништо страшно. @Dragana9999 Не си бремена сигурно. А симптоми имаш ли како на пмс?
Хцг-то ми е 6.4мУ/мл, не дека се разбирам многу ама читав низ гугл тоа мене ми изгледа многу малку. А бев и на гинеколог, но бидејќи терминот ми е наредна недела не ме прегледа но ми кажа се е океј наредна недела ќе правиме ехо... совет некој бил во иста ситуација ?!?!
Имам болки во половините и понекогаш лева или десна страна во пределот на овариумите. И веќе неколку денови се чуствувам како ќе ми дојде но ништо. Меѓутоа ретко кога имам менструални болки, понекогаш не ни чуствувам кога ќе ми дојде
Ќе добиеш овие денови. Сепак мој совет е да идеш на гинеколог, не за тоа дали си трудна, туку за ова што не ти е редовна.
Си закажав за утре Постојано имав редовна менструација на 28 дена, последнава година почна да ми доаѓа на 30-31 ден, но последниов месец премногу доцни. Да се надевам дека не е ништо страшно. Ви благодарам на одвоеното време, ми значи