@Dragana9999 оди на лекар. Има повеќе причини за доцнење. Испитај брисеви за секој случај. Во право си. Ништо нема да закачи.
Ќе одам утре, се надевам дека нема некоја озбилна причина и е од стрес. Ти благодарам за одвоеното време. Што се однесува за инфекции, ние сме 6 години заедно и тој беше 17 години кога стапивме во врска. Не е бил баш сексуално активен пред тоа, имаше само една партнерка во тој смисол, и затоа не се грижам за сексуално преносливи болести и некоја озбилна инфекција.
За инфекциите нема да пишувам. Ти си знаеш. На маж не му се верува. Да побараш и хормони да испиташ. Можеби имаш некое пореметување. Само не знам сега со ситуацијава дали испитуваат.
@Bella_Stella @piksooki ви благодарам на одговорите девојки...еве цел ден немам ништо, ќе видам до недела дали ќе пробие или било нешто друго, па пак ако треба ќе повторам тест
Пак јас, имав дома од евтините тестови викам ај пак сабајле да видам случајно нешто да не има и многу многу бледо излезе второ линииче....и мм виде, вика и мене нешто ми се гледа, знам дека е прерано уште три дена треба да недобијам, ама пуста желба...мене ме загрижува крвта вчера и ме боли од ноќва кичмата... Знам нема што да ми кажете ќе треба да си почекам уште некој ден за сигурно ама јас да си се олеснам тука еве и слики од утринскиот тест па ајде дали си умислувам да видиме
И јас гледам втора линијаа Сепак повтори си го тестот за неколку дена или пак оди кај гениколог, држам среќа за јака црвена линијаа
И мене ми се гледа ептен ептен бледа втора линија. Повтори го тестот кога ќе ти касни, би требало да е потемна. На гинеколог рано е да одиш, ќе ти рече да отидеш покасно. Можеш исто и преку крв да си провериш.
Јас не дочекав, направив тест бета хцг преку крв, ми ислезе 19,64....дали има некоја што знае да ми протолкува? Како што читам на нет, значи многу рана бременост....
Ќе треба да го повториш тестот. Под 5 се смета за негативен, над 25 позитивен, ти имаш 19,64 значи измеѓу си и ќе треба да го повториш за некој ден, веројатно многу рана бременост.
Здраво женски. Имам едно прашање. Последна менструација имав на 21.04 според календарот што го следам плодни денови ми беа 2-8 мај. Но и после тие денови јас имав како грчеви во делот кај јајниците уште 4-5 дена и ми престанаа. Потоа ми се појавија 2 акни на лицето(обично симптом пред добивање) а оваа недела и низ цел грб(прв пат). Други симптоми немам освен тапа кратка болка во јајниците. Дали е можна бременост или предзнак дека ќе добијам? За тест ми е рано, бидејќи требаше да не добијам денес. Ви благодарам на одвоеното време доколку би ми одговориле.
Значи дека си тек околу 10 дена по овулација и здравје, некаде на 1-ви февруари догодина ќе имате бебе .
За симптомите @SummerGirl веќе ти одговорила, а за тест не е рано. Ако си имала овулација на 8-ми и ако си бремена утре би била 4 недели, значи, направи си тест сабајле .