Јас добивам циклус на 2-3 месеци. Вторава бременост “фати” неколку дена после циклус. Неверојатно. Баш вештерка, ни плоден ден ми се знае, плус предвидувам трудноЌа Со среќа и на тебе!
Да не е можеби рано направен ? И да нема бременост нема разочарување. Секој месец нова борба нова надеж
Па мислам дека не е рано, последно негде околу 10-11ти пробувавме, мислев дека тогаш имам овулација. Не знам веќе, денес сум баш лошо, не можам да размислувам. Фала ви на сите, како и да е.
Девојчиња може ли да се забремени без дечкото да сврши во мене? Имаме односи секогаш со кондом, значи не свршува во мене туку во кондомот и исклучително надвор од мене, ама знаеме понекогаш кога ни е прва партија, да пенетрира два/три пати во мене без заштита а јас претходно орално убави сум го задоволила. После тоа веднаш ставаме, немаме ниту една партија без кондом истерано.. Свесна сум дека нема шанси вака да се остани трудна пошо немам никаков контакт со сперма, ама еве се јадам самата. Ми доаѓа циклусот на 28-32 дена, денес 28ми ден ми е и си имам симптоми и све тоа, али еве не знам многу глупаво се осеќам. И свесна сум дека од стресов и нервозата може да ми доцни само повеќе, ама ете.. Знам многу парови, т.е мои другарки кои се во долги врски и си тераат односи без кондом, само дечкото да сврши надвор од нив, па не им кикснало. Јас исто сум во долга врска, си веруваме,ама пусти страв ме убива, ме прави ептен анксиозна. Секој месец нов стрес пред доаѓање, сеедно дали цело време сум користела кондом или на почетокот само без.. А апчиња не сакам да пијам ради нус појавите кои ги имаат. Сакам само утеха од вас повозрасните дека само за џабе си ја лупам главата, не знам со кој друг би поразговарала вака. Би ме направиле само параноична и ништо повеќе.
Ако секој месец поминуваш низ истиот стрес пред да добиеш, запрашај се дали не треба да промениш нешто во врска со целиов твој "проблем". Прво, нема начин да бидеш бремена, освен ако ви пукнал кондом. Второ, тек ти е 28 ден, ниту ти касни ни ништо, а ти веќе си во агонија, крајно непотребно. Не мораш да пиеш апчиња, едноставно чувајте се со кондом ако веќе така сте решиле. И трето, уживај во сексот, немој да се преоптеретуваш со непотребни мисли и од него да правиш причина за стресови. Ако секој месец ги имаш истите прашања и стравови во глава сменете ја рутината за да се осеќаш побезбедно. Ако нешто ти значи, со сопругот пред да бидеме во брак, бевме 11 години во врска и на прсти се брои колку пати употребивме кондом. Знам сега сите ќе почнат сексуално преносливи болести, на мажи не може да им се верува ла ла ла. Епа јас ќе ви кажам дека и на жени не може да им се верува. И ако сум во врска со некој во кој што ќе имам постојани сомнежи и ќе ми треба кондом за да ме заштити од потенцијални преносливи болести, тогаш што ќе ми е таква врска? Не пропагирам ништо, апсолутно право на личен избор си е. Ете ме мене, 12 години подоцна, без ниту една болест, инфекција и слично. Опушти се, во моментов немаш место за паника.
Bella_Stella ne gi gledaj po kalendarot posto ne gi pokazuva tocnoni jas taka gledav ama ispadna deka porano mi se plodnite denovi
Не знам дали сум повозрасна но не е битно. Мажена сум и веќе година дена не се пазиме со сопругот (читај свршува во мене) најопуштено ако се фати се фати ако не нареден месец ама до сега безуспешно. Не е така лесно, плукни-залепи. Џабе си ја лупаш главата, ем со кондом, ем надвор свршува нема како да останеш бремена. Опушти се, не се стресирај без потреба и од стрес може да ти доцни...
Здраво, и извинете на долгиот пост.. дали може некој да ми помогне, тек во понеделник сум на лекар,ќе збеснам до тогаш... последна менструација ми е на 27ми април, а претходно правев киретажа на 23 март поради неразвивање на плод во 8ма недела(blighted ovum)..вчера направив тест бидејки имав малце кремаво кафеавко и ми покажа втора бледа линија..денеска еве ништо, само бело прање.. прашањето ми е дали може да има врска на двете линии доколку сеуште не ми се изнормализорани хормоните од претходната бременост или стварно сум бремена?!?!? а вака од главоболка, пецкање на брадавиците, грчеви во стомакот и минимална болка од време на време во десниот јајник друго ништо не чуствувам...
Mozno e da si bremena pak ako si imala odnosi posle kiretazata ako skrosi te imaat iscisteno bidejkji togas matkata e najcista i naj plodna
Не можам да тврдам со сигурност, но по некоја логика, 2 месеци е предолг период за нивото на бета hscg сеуште да се детектира со тест за бременост. Нека кажат поискусните, но јас мислам дека е нова бременост. Доколку е така ти посакувам овој пат да си ја износиш со лесно до крај!
Штом веќе си добила после китетажата, значи хормоните се нормализирале. И јас мислам дека е нова бременост, ако е така со лесно и до крај да си истераш
Можно е лажно позитивен после киретажа ама брзо после тоа, вака по 2 месеци некако касно, јас мислам дека во прашање е бременост
Чупињаа...треба да ми дојде за 2дена,а нрмам симптоми,не ме болат градите.. Дали е можно да ми касни заради тоа што ставав тетанус вакцина?