а од што можи да ми касни никогаш не ми се случило олку време да ми касни па и плус немам симптоми на мензис тоа нај мн ме загрижува
Може да ти касни од нервоза, стрес, неправилна исхрана, промена на клима и најважно-тоа што постојано мислиш и се проверуваш дали ќе ти дојде, кога ќе ти дојде! Опушти се само
знам дека од сето тоа можи да ми касни ама нај мн се плашам оти немам симптоми за мензис декеска уште еден тес направив и негативен е а еве 4 ден како ми касни
не се плаши, убаво ти напиша погоре лепааа, ништо чудно да е од климатските промени, стрес, а дека немаш симптоми-и тоа не е ништо чудно...
И на другарка ми и каснеше,а и мене околу една недела па ми дојде. Се додека практикувате safe sex нема место за паника, а доколку паничите толку повеќе ќе ви касни
кај мене се работи повише од недели.. не ми се има десено вака да ми касни... направив тест за бременост ама ми искочи негативен би требало повише од 60% да биде точен...
не се секирај сигурно од времево ние и мене никогаш не ми има олку време каснето ама ете што можам да направам само си се тешам си викам ке ми дојди
Јас бев прилично сигурна дека сум бремена , 4 дена пред периодот направив тест испадна негативен, После 4 дена ми каснеше и направив нов тест Испадна позитивен Изненадена ама и срекничка
Можно е да ви касни од стрес нервози и ред други работи....Ама Јас така се залажував дека ми касни од тоа бидејќи дечкоми немаше свршено во мене а имавме незаштитен секс..но откако помина 1 недела направив 2 теста и покажаа дека сум бремена..појдов на гинеколог и ми кажа дека сум 2-3 недели трудна..и си абортирав.. а мн сакавме да си го чуваме бебето само што проблем ми беа годините ..да бев 1 година постара ќе си го чувавме
јас направив тест ама искочи негативен.. ама пак многу се плашам.. сакам да појдам гинеколог ама не знам секој ден повише очекувам да добијам.. а ако сум бремена ке абортирам.. како е страшно?
јас немав незаштитен секс ама ете се плашам и тоа мн направив 2 теста и беа негативни еднот на вторит ден од каснењето а другио тес на четвртиот ден еве денес пети ден одкако ми касни и немам никакви симптоми ни за бременост ни за мензис што мислите дека треба да правам
Да ве утешам и јас...мене ми каснеше 12 дена, веќе и почнав да си мислам дека пак сум бремена,ама само што сакав да купам тест утредента добив. Изненадување Инаку немав незаштитен секс, ама ниту заштитен скрос...да не бидам вулгарна.. се пазевме ама не користевме кондом, се надевам сфативте Немав никакви индикации дека ќе добијам, не ме болеа ниту градите, ниту грбот, ниту болки во пределот на јајниците, ниту пак имав симптоми на бременост-ни мачнини, ни повраќање, ни набрекнати гради, ништо... Мој заклучок е дека дошло до поместување на циклусот како резултат на се` погоро споменато-стрес, нервоза, промена на клима итн.
и јас се уверив дека не сум бремена оти направив 3 теста а и плус имав секс со заштита па се надевам ќе ми дојди
Да, имале повторен однос, баш се сеќавам на девојкава прашуваше дали може да се абортира без присуство на родител
девојки јас направив тест и ми искочи негативен а немам никакви симптоми ни за добивање ни за бременост! а и не мора да значи ама цел месец ми касни на најлошо ми иде паметот... а и почнав со диета прочитав дека ради измена на исхрана може да касни ама не знам ич