Па можно е заради диета. Јас ќе ти кажам што мене многу ми помогна. После второто Норлево што го испив циклусот ми се измеша целосно. Доаѓаше кога му текне и тоа само кафеав исцедок. Немам редовен циклус и никогаш сум немала. Сега кога почна пак да ми касни почнав да пијам секој ден чај од кантарион, по една шолја наутро и навечер и за неколку дена добив и тоа вистински добив, дури ми траеше и 6 дена, баш како што добивав порано.
Да да имавме повторен секс..и тоа точно на плодните денови..а заштита не користиме во никој случај...и чекав да ми дојди скоро 10тина денови бидеќи имав болки во пределот кај јајниците,ама сепак ништо...џабе чекањето ги направив тестовите,свата позитивни и гинеколог ми потврди,и веднаш абортирав..
девојки јас уште немам добијано веќе 8 дена од ко ми касни 3 теста имам направено и сите негативни а никако да ми дојде навистина се чустувам збунето
не би требало. ама сепак за 100%-на сигурност а и ти да се смириш најдобро е да посетиш гинеколог. имаш и бесплатни гинеколошки прегледи во она ХЕРА на Водно што се наоѓа така да ништо не те кошта
мене ми касни повише од месец и повише можеби.. така цело време чекав ама никако да добијам и ете уште не добивам! бев на гинеколог и не сум бремена ми дадоа апчиња и би требало за неколку дена да добијам...
Јас 3 месеца немам добиено ама не помислувам на бременост, затоа што секогаш имам заштитен однос, не свршува во мене па од каде би забременила истото е и кај тебе од она што прочитав, ти касни од некои други причини , ама бременост не е не се оптеретувај со тоа веќе, отиди си само на гинеколог да видиш за ова, зашто не добиваш. Пс. 8 дена каснење мислам дека не е многу
знам дека не се мн 8 дена ама замене се затоа што имам редовен циклус никогаш не ми се случило да ми касни олку време затоа се плашам
Оф оди си утре на гинеколог и ќе видиш што е , затоа што вака само ќе се нервираш , и уште повеќе ќе допринесуваш за каснењето
Значи со олку нервоза не знаеш што и правиш на психата. Правењето бебе не е плукни залепи. Прво разреши си дали имаш причина за грижа како незаштитен секс, или да свршил во тебе случајно, или пукање кондом. Задоцнета менструацијата не е единствен знак за бременост. Постојат уште мал милион знаци. Циклусот може да касни од 3290 причини. 10 до 15 дена е нормално и не е причина за грижа. А може да касни од стрес, нервоза, промена на клима, промена на исхрана, цисти ... или било што. Деновиве пробај малку смири се, не ја мачи психата, направи уште еден тест и ако е негативен олабави се. Ако не добиеш по една недела фати го патот на гинеколог. И мене претходниот месец ми каснеше две недели, па тоа е, лето е, промени, испити и се по ред, му се насобира на организмот. и ако евентуално си бремена, тогаш нема мајка ти да падне во кома, ќе ја подмавне мал шок, ама сигурна сум дека после тоа ќе се смири. возрасни сме, правиме грешки и со последиците ќе се сносиме. Иако јас мислам дека не си бремена ... ама сега на психичка база ќе осетиш и водењакот дека ти пукнал.
незаштитен немав секс ама во плоден ден имав со кондом и само некој филмови ме мава можи сум можи скинат па не сни го виделе и само со ке се општам малку ке ми текне дека немам симптоми на мензис и одново почнува нервозата ке полудам
Оф .... НЕ СИ БРЕМЕНА !!!! Ако бил кондомот пукнат дечко ти ќе видел ... е тогаш можеби ќе си имала причина за паника. Ај сега смири се и ќе видиш дека ќе добиеш.