Тестот ќе ти покаже се.. инаку симптомите се премн слични за пред циклус и бременост.. Знам и јас за тие начини да видиш дали си бремена, но денес тестот е нај голем показател, така да не ги гледај тие методи.. Пиши што си направила..
Леле, колку години имаш девојче? И зошто не мислите со време да користите заштита? Друга работа, како може да те оплоди акп не свр. во тебе? Значи шансите се 1 спрема 1000000! Тука со свр со месеци, не може да се остане бремена, не па без! Треба да сте едуцирани во ова време, со интернет, и со се можно достапно до вас. И не се секирај не си трудна.
17 имам, но објаснив каква ми е ситуацијата на предходните страни е тоа. И дајбиже да е како што велиш.
Девојки го направив тестот. Неможев да чекам со првата урина, немам спиено цела вечер и скокнав и го направив, немам уринато од 00:30 па се до сега до 06:35. Тестот ми покажа негативен. Една цртка. Го сликнав само незнам како да ви го испратам овде. Сепак вие сте повозрасни и ако некаде сум грешка да ми кажете. Фала ви многу.
Не си бремена, друг пат ке внимаваш повеќе и ти и твојот партнер. Затоа што ако овај месец не се случило може да се случи во наредните.
Леле по овој стрес што го претрпев нема да помислам пак да имам однос се до брак. Паметно а и сигурно. Фала ви многу срцки за се.
Е затоа толку рано не се влегува во сексуалниот живот. Уживај уште си мала зошто се брзате се да испробате и рано започнувате со секс, животот е пред вас, какво е тоа станувате сексуално активни уште на 15 год. Уживајте бре девојчиња животот е преубав а не да се ставате под стресови да не сте бремени на 17 год. Сознајте си го прво убаво телото и едуцирајте се и ти и твојот партнер а не само секс да се имало. П. С. Тоа не се однесува само за тебе има и други членки што се под таков стрес. Се надевам дека нема да ме разбереш погрешно, само сум изреволтирана од денешнава младина. Поздрав и внимавај наредниот пат.
Здраво дечки, со дечко ми имавме однос три-четири дена по менструацијата и пукна кондомот. Се напив норлево. Ова беше пред една недела. Вчера почнав да крварам и уште трае. Читав на нет, било нормално да се случи но, дали треба да го сметам како менструација или не, со оглед на тоа што сега би требало да ми се случува овулација (ако не го испиев апчето). Што треба крварењево да значи? И забременувањето може да предизвика крварење, иако моево апла изгледа како добиено. Совет: гледајте да не стигнете до момент да пиете норлево затоа што ете, ти се праи хаос во организмот, крварам за време овулација, не знам дали сум бремена или не, ниту пак кога ќе добијам. Хаос! Ниедно машко не е вредно за секое вакво глупо ачче што ќе го испиете!
Нема зошто да немаш односи, не оди во толкава крајност, само користете заштита и биди сигурна дека имаш односи со партнер во кој имаш доверба
Никогаш не сум ни имала желба за однос искрено, ни еднаш не сум му спомнала јаз за тоа. Секогаш тој, но знаеш мила ми беше невиноста пред два месеци и гордост 17г.невина тоа ретко се случива на денешно време. Али тоа е тоа. Фала ви многу.
Сега само едно ме плаши. Не сум бремена а ми доцни една недела. Која може да биде причината. Минатото лето 3 месеци доцнеше. Докторот рече исхрана. Јас и не јадам многу 46кг сум. Во што може да е работата.
1) Нема зашо да ти е гордост пошо не значи буквално нишо и не ја детерминира твојата вредност у никој случај 2) Немој да имаш односи доколку не си спремна 3) Ако не сакате кондом, постојат контрацептивни апчиња
Немој со методите од бабите те молам. Не може да ти даде ништо такво точен резултат, каква пена, каков аналгин. И многу се разочарувам вака кога ќе прочитам срам ми беше тест/кондом/пилули да купам. Не може за односи да не ти е срам, за заштита и за здравје да ти биде. Не сакам да те напаѓам, ама те молам размисли за ова, зошто треба да си прогресивна девојка, а не вака.
Јас мисла дека ти е многу рано за тест, има поминато само 2 недели од ризичниот однос, а тоа и не е баш доволно време тестот да покаже доколку има бременост. Не сакам да те плашам ама за една недела ако сеуште не добиеш направи тест повторно
Ако сакаш да знаеш во што може да е работата треба пак да отидеш на гинеколог, мислам дека не си бремена затоа што не свршил во тебе, може да ти е пореметен некој хормон, полицистични јајници, се може да е затоа најдобро оди си на лекар направи проверка и ќе бидеш мирна.
Се побркав навистина. Една ми вели прави тест за да си сигурна, правам тест. Друга вели рано е за една недела пак. 17г сум сепак сеуште не сум едуцирана никој не може се да знае се се учи со време. И ме критикувате. Пишав овде за помош и совет. Направив тест вчера негативен е. Нели е доволно време од 7ми до 21ви да покаже точен резултатот?
Не си бремена и престани да мислиш веќе на тоа зошто дополнително стресови му правиш на телото, менструацијата може да касни од што било, ако не добиеш ќе си отидеш на гинеколог да си се провериш.