Девојки здраво! Би сакала да прашам дали некоја од вас имала слична или пак иста ситуација како мојата... Последен пат добив на 04.06 и до ден денес - апсолутно ништо! Ми доцни бајаги време, пред некој ден правев некои тестови ми ги донесе сопругот ги давале како донации по аптеките, ама ниту еден не беше како што треба така што врз основа на нив, ништо не можам да кажам.. Од симптоми, имам тапи болки како пред добивање но и понатаму - ништо! Мноооогу сум поспана и спијам, за разлика од претходно каде што никогаш поручек не сум легнала да спијам или во текот на денот а сега скоро секој ден. Порано додека сум патувала на кривини не сум имала проблем никаков а сега дали возам јас или пак седам на совозачкото, ми се лоши дури и ми се повраќа.. Имам некоја посебна желба за овошје деновиве, и богами си јадам  Бидејќи не бев во Ск, дојдов специјално за утре да вадам бета од крв.. Па според вас, што мислите за мојава ситуација? Јас штом помислам мислам дека се ми игра од внатре, нормално во позитивна смисла.. Секако е планирано и со душа чекано ♥️ Ви благодарам! Се надевам дека ќе го добијам најубавиот животен и роденденски поклон, во Недела ми е роденден
Ако имаш редовен циклус, на толку каснење и домашен тест одма ќе ти покаже. Можеш дури уште одма да го направиш, не мораш да чекаш со утринска мокрача. Ти посакувам позитивен резултат!
Знам меѓутоа јас немам добро искуство со тие тестови, и баш поради тоа дојдов за Ск и утре сабајле директно вадам крв Па се надевам дека ќе биде се добро, Господ е голем ♥️
Не знам зошто немаш добро искуство со тестови. Има веќе еден куп фирми што произведуваат квалитетни тестови. Сите тука преку тест дознаваат, па ако имаат потреба прават бета. Ти си знаеш, ти посакувам среќа како и да е.
На толку многу доцнење и тест со поминат рок би покажал точен резултат Се шегувам секако, но можеш веќе да направиш, земи си од аптека селф клиар или шур чек. Сигурно точно ќе ти покажат. Плус и симптоми имаш веќе. Па ајде да си се израдуваш и за роденденот, пиши што ќе направиш и те чекаме во Труднички
@ДевојкатаБрокер според мислењето , гледам дека сте се обидувале со сопругот за бебенце и ви стискам палци да се израдувате што поскоро . Јас имав слични симптоми во првата бременост , бев многу поспана , имав тапи болки во стомакот како пред добивање , за доцнењето на менструалниот циклус , ми доцнеше мене и пред да сум сексуално активна , па затоа и не помислував на бременост , на крајот сепак испадна баш тоа иако рано и неочекувано малку , ама тоа е што е . Со среќа и што поскоро да добиеш убави вести .
Јас се извинувам што не пишав порано, но цел ден не бев дома и не отворив... Инаку за жал, нема ништо.. Веројатно ми доцни од промена на клима, од ладна вода, од стрес и сл.бидејќи веќе месец дена не сум во Скопје и малце се ми се поремети... Бетата беше 0.10.... Ви благодарам на сите, ви посакувам добро здравје пред се, и што поскоро сите да се радуваме на позитивни резултати ♥️♥️♥️ Денес ми е роденден па ете до следниот, желбата ќе ми биде иста како и за овој
Го повторив тестот по два дена мислам дека е малку појака втората црта сега. Сепак се уште е многу рано имам уште ден или два до денот кога требаше да добијам, значи не ми ни доцни уште, затоа мислам дека е ова добар резултат